Витаминка го збогати пазарот со нова линија солени производи – Бонитас пелети. Тоа се сосема нови и различни од останатите снек-ужинки со својот вкус.
„Следејќи ги најспецифичните барања на потрошувачите и обидувајќи се да ги задоволи нивните вкусови, кои постојано бараат нешто ново, енергично, несекојдневно и интересно, Витаминка ја лансираше новата линија на солени производи, Бонитас пелети. Бонитас се направени според светските трендови, невообичаени по својот изглед и несекојдневни по својот вкус. Не се сомневаме дека со новините кои ги воведуваме во овој сегмент во поглед на изгледот и вкусот на производот влегуваме во делот на ретките компании кои се насочени кон иновативни производи. Поради тоа сигурни сме во успехот на овој производ, кој е со пристапна цена”, изјави комерцијалниот директор на Витаминка, Владимир Трпаноски.
Бонитас се солени производи во 3Д форма, достапни во три различни вкуса – пилешко, пиперка и солен вкус. Производите се во пакување од 30 грама и се достапни во малопродажба, а наскоро ќе бидат пуштени и пакувања од 60 грама.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.kapital.mk
Датум на објава: 15.08.12