Дана Стојкова, нов Национален Менаџер за Продажба во Авон Македонија

//Дана Стојкова, нов Национален Менаџер за Продажба во Авон Македонија

Дана Стојкова, нов Национален Менаџер за Продажба во Авон Македонија

Дана Стојкова е именувана за нов национален менаџер за продажба во Авон Македонија. Новата позиција практично значи обединување на два сегмента, менаџирање на продажната сила на компанијата со останатите делови од оперативното работење.

„Македонскиот пазар е многу динамичен, со едуцирани потрошувачи кои многу добро знаат што сакаат и што треба да очекуваат.Оттаму, и предизвикот и мотивацијата да се работи на една ваква многу важна позиција е уште поголем. Во сржта на нашето работење е задоволување на потребите на жените, понуда на квалитетни производи, одлична услуга и можност за деловна афирмација.

Дефинитивно сметам дека македонската жена знае добро да се негува, а со тоа и да го почитува врвниот квалитет на Авон производите. По речиси 11 години работење во доменот на маркетингот и ПР-от, добивам шанса да ја оправдам довербата и како професионалец во продажба, и тоа во една глобална успешна компанија сo високи дострели како Авон.“ – потенцира Стојкова.

Дaна Стојкова се придружува на тимот на Авон Македонија во 2005 година на позицијата Маркетинг координатор. Во 2008 година станува за Македонија, по што следи и позиција на Специјалист за планирање на кампањи за Македонија и Албанија во 2010 година. Подоцна, во 2011 година, Стојкова напредува во Специјалист за планирање на кампањи за Македонија, Албанија и Бугарија.

[custom_frame_center]Дана Стојкова, нов Национален Менаџер за Продажба во Авон Македонија[/custom_frame_center]

Превземено: www.taratur.com

Датум на објавата: 25.06.2012

By | 2012-06-26T00:08:32+00:00 26/06/2012|Козметика|