Домашните Лубеници за Извоз, за Нас Увозните

/, Земјоделство/Домашните Лубеници за Извоз, за Нас Увозните

Домашните Лубеници за Извоз, за Нас Увозните

[custom_frame_left]Untitled[/custom_frame_left] Високите температури го интензивираа зреењето на лубениците кои на големо го полнат пазарот во селото Колешино. Уште од раните утрински часови земјоделците со полни трактори доаѓаат да го продадат родот. За среќа, деновиве во голем број ги има и трговците и засега проблеми со пласманот нема. Откупната цена се движи од 5 до 7 денари за килограм, што според земјоделците е на границата на рентабилноста бидејќи со пониски цени од овие не ќе можат да ги покријат производствените трошоци.

Засега оди добро. Откуп има и цените се задоволителни, само да не се намалат. Во споредба со истиот период лани се повисоки и се надеваме дека до крајот на сезоната ќе имаме откупни цени со кои ќе ги покриеме производствените трошоци и ќе останат пари за живејачка. Инаку, оваа година производството на лубеници е намалено во споредба со минатата година. Поради лошите искуства со откупот во последните неколку години, за 50 отсто засадивме помалку бостан на нивите  велат производителите.

Дневно на пазарот на големо „Колид” во Колешино се откупуваат околу 500 тони лубеници. Најголем дел од нив се извезуваат за Бугарија, Косово и во Чешка. Лубеници откупува и откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук „Агрофруктус” на хрватскиот„Агрокор”.

Дневно откупуваме околу 100 тони лубеници по цена од 6 до 7 денари во зависност од квалитетот. Лубениците се со тежина од 4 до 7 килограми и истите ги пакуваме во картони и ги извезуваме за Шведска. Покрупните од 7 до 11 килограми за Босна и најкрупните, со тежина до 15 килограми, ги извезуваме за Косово. За разлика од порано, сега се помалку извезуваме за пазарите во поранешните југословенски простори затоа што тие веќе имаат сопствено производство и уценуваат со цените, но успеваме да најдеме нови пазари и да го пласираме откупеното производство  вели Блажо Витанов директор на „Агрофруктус”.

Дел од струмичкиот бостан се пласира и на домашниот пазар. Поради временските непогоди во пролетните месеци, бербата задоцни за околу 15ина дена и беше компензирана со увоз на лубеници од Албанија.

Според процените на пазарот на големо во Колешино, годинашниот род на лубеници во струмичкиот регион ќе тежи двојно помалку од ланските откупени 20 илјади тони.

[custom_frame_center]Домашните Лубеници за Извоз, за Нас Увозните[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 11.07.2012

Автор: Сузана Тасева

By | 2012-07-11T06:27:44+00:00 11/07/2012|Економија, Земјоделство|