Генералниот директор на „Епл“, Тим Кук, изјави дека преку продажбата со интернет лотарија, неговата компанија успеала да ги порази локалните „дилери“ кои купуваат телефони и потоа ги препродаваат и воедно информатичката компанија „Епл“ да оствари нови рекорди за продажба на најновиот телефон „ајфон 5“ и тоа во Кина.
Кинескиот мобилен оператор „Кина јуником“ имал 300.000 нарачки за претплатнички договори уште пред да биде лансиран „ајфон 5“ во Кина, со што компанијата го соборила рекордот за продажба од изминатата година, односно бројката од 200.000 договори за продажба на „ајфон 4“.
По минатогодишните нереди во продавниците каде се продаваше „ајфон 4“, „Епл“ организираше интернет лотарија за сите купувачи кои во точно определено време, однапред закажано, ќе се појават да го подигнат својот нов „ајфон 5“. Бројките покажуваат дека американската „Епл“ продала повеќе од два милиони телефони и тоа во текот на првиот викенд откако е почната продажбата на овој телефон во Кина.
Новиот модел на „аjфон 5“ е пуштен во продажба во САД и во девет други држави на крајот на септември, а до крајот на декември се очекува да се продава во повеќе од 100 држави. Во моментов Кина е најголем пазар за паметни телефони на светот кои функционираат со оперативен, систем „андроид“, а истиот го разви и промовираше „Гугл“. Клучниот проблем на „Епл“ е недостигот од договори за продажба со најголемиот кинески мобилен оператор „Кина мобајл“, кој има повеќе од 700 милиони корисници.
[custom_frame_center][/custom_frame_center]
Превземено: ДЕН
Датум на објавата: 19.12.2012