Џабест се Приклучи во Одбележувањето на Светскиот Ден на Социјалните Медиуми

//Џабест се Приклучи во Одбележувањето на Светскиот Ден на Социјалните Медиуми

Џабест се Приклучи во Одбележувањето на Светскиот Ден на Социјалните Медиуми

Компанијата ОНЕ, преку својот модел Џабест, објави дека се приклучува на иницијатива на интернет заедницата предводена од авторите на блогот komunikacii.net и караванот за одбележување на светскиот ден на социјалните медиуми.

Оваа иницијатива трета година по ред ја организира и промовира глобално најпознатиот блог за социјални медиуми и интернет култура Mashable.

Според најавата, на 30 јуни, во сабота, Прилеп, Куманово, Тетово и Скопје ќе бидат дел од мрежата на повеќе од 460 градови од целиот свет во кои истовремено ќе се одбележува светскиот ден на Социјалните медиуми (Social Media Day).

Овие четири градови за прв пат ќе се појават на мапата на градови кои ја поддржуваат ова иницијатива во чиј центар ќе биде промовирање на моќната комуникација преку социјалните мрежи на Интернет.

Во караванот низ градовите ќе патуваат мал дел од најактивните корисници и професионалци кои заедно со претставници на локалните заедници ќе бидат водени од силната желба за дружба и размена на искуства.

„Не е прв пат да се собираме и да се дружиме, но никогаш не сме го направиле вака официјално во чест на Social Media Day. Редно беше после толку часови дневно поминати онлајн да го одбележиме овој ден со оние кои таму се најгласни и кои имаат нешто паметно и интересно да споделат. На наше огромно задоволство добивме поддршка и финансиска и друштвена и тргнуваме на 30ти со караванот. Се надеваме дека овој датум ќе остане традиционално да се одбележува,“ вели, Наталија Трајчевска, еден од организаторите на Social Media Day.

[custom_frame_center]Џабест се Приклучи во Одбележувањето на Светскиот Ден на Социјалните Медиуми[/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 29.06.2012

By | 2012-06-30T11:58:39+00:00 30/06/2012|Телекомуникации|