Џим Јонг Ким, на предлог на американскиот претседател Барак Обама, е избран за нов претседател на Светска банка, а функцијата kjе ја презеде во јули.
52-годишниот Кореец до сега ја извршуваше функцијата претседател на угледниот Дартмут колеџ, а на највисоката функција во Светска банка е избран по гласањето на 25-члениот Извршен одбор на банката.
Ким доаgjа на местото на Роберт Зелик, кому му истече петгодишниот мандат. Новиот претседател на Светска банка е лекар по струка и антрополог, еден од пионерите во борбата за искоренување на СИДА-та и туберколозата во земјите од третиот свет. Неговиот избор претставува новина во однос на досегашната пракса на оваа функција да се избираат политичари или личности од светот на економијата.
Ким својот петгодишен мандат kjе го започне во јули. Позицијата претседател на Светска банка е од клучно значење за повеkjето земји во развој. Првиот човек на банката ја надгледува работата на над девет илјади економисти, експерти за развој и други вработени од областа на политиката.
Светска банка во 2011 година додели 43 милијарди долари кредити и донации на повеkjе земји во светот како помош за развој на инфраструктурата, администрацијата и другите кулчни сектори од областа на економијата.
Од основањето, по Втората светска војна, САД секогаш го имаат местото претседател на Светска банка, додека Европејците ја претставуваат сестринската организација – Меgjународниот монетарен фонд.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.dw.de
Датум на објава: 17.04.2012