Џонсон Мети Ќе Гради Нова Фабрика Во Бунарџик

//Џонсон Мети Ќе Гради Нова Фабрика Во Бунарџик

Џонсон Мети Ќе Гради Нова Фабрика Во Бунарџик

Џонсон Мети ќе гради нова фабрика во Бунарџик] Во слободната економска зона Бунарџик денеска ќе почне изградба на нова фабрика на британската компанија „Џонсон Мети“, инвестиција во вредност од 10 милиони евра.

Камен-темелникот на новите производствени погони, според најавите, ќе го постават премиерот Никола Груевски и извршниот директор на одделот за еколошки технологии на Џонсон Мети, Лари Пенц.

Џонсон Мети е присутна во Македонија од април 2010 година, кога почна со работа нивната фабрика за произвдоство на автомобилски катализатори. Во неа британскиот инвеститор вложи 34 милион и фунти и отвори 128 работни места.

„Џонсон Мети“ е светски лидер во производството на катализатори за контрола на емисии на возила на лесни и тешки дизел горива, застапен со 15 фабрики за производство во Европа, САД, Азија, Јужна Америка и Африка.

Според најавите од Владата, во ТИРЗ Скопје 1 до крајот на мај или почетокот на јуни почнуваат со работа „Кемет електроникс“, која веќе ангажира вработени и го опремува капацитетот со машини, како и швајцарска фабрика за производство на ветерници, а во тек се подготовки и за старт на фабриката на „Технокозе“ од Италија, која ќе произведува различни видови црева за висок притисок. На оваа локација наскоро треба да стартува со работа и руската фабрика за хомеопатски лекови „Протек“, а подолго време функционира американската компанија „Џонсон Контролс“ која произведува внатрешен ентериер за автомобили.

[custom_frame_center]Џонсон Мети ќе гради нова фабрика во Бунарџик[/custom_frame_center]

Извор: www.vesti.alfa.mk

Датум на објава: 09.05.2012

By | 2012-05-09T11:38:44+00:00 09/05/2012|Економија|