Електрани на Македонија се убедливо најголемиот инвеститор во земјава. Годишно во просек оваа компанија инвестира меѓу 50 и 60 милиони а годинава рекордни 250 милиони евра.
Во продолжение и разговорот со генералниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чингоски.
Овен постојаната трка и градењето нови енергетски капацитети, коишто треба да ги задоволат растечките потреби за енергија Електрани на Македонија вложуваат напори за ревитализација и модернизирање на постојните термо и хидроцентрали. Особено се комплицирани и скапи вложувањата во еколошктие проекти. По 32 години функциониранње ТЕЦ Осломеј го реши проблемот со депонирање на пепелот и на згурата кои предизвикуваа проблеми на жителите на Осломеј:
,,Целата суштина е во тоа што сега пепелта и згурата што се ослободува во процесот на производство на електрична енергија не се депонираат и не се транспортираат во отворена состојба него во посебни мешавини миксери се меша во сооднос 1 спрема 1 со вода и се создава т.н.хидраулична смеса која понатака со..по хидрауличен пат со помош на пумпи се одложува на отпрлика далечина од 4 км на веќе искористениот дел од рудникот. Значи таму се депонира оваа смеса во вид на водена маса која што понатака поради сушењето на водата, поради зцврстувнајето на материјалот се претвора во нешто слично на бетон кој потоа се затрпува со земја од самиот рудник и на крај на краиштата ние воопшто немаме никаква да речам слика дека тука некогаш бил пепелот или останале некои материјали. На тој начин трајно се решава проблемот со отпепелувањето односно со загадување на оваа околина. Системот е најмодерен, таков во што постои во светот, има капацитет од 60 тони пепел на час или околу 300.000 тони на годишно ниво.
ЕЛЕМ е убедливо најголем инвеститор во земјава. Во просек годишно инвестира од 50 до 60 милиони евра. Годинава беа пуштени ХЕЦ Света Петка, транспортниот систем од Брод Гнеотино до суводол, како и постројката во Осломеј:
,,Во почетокот очекуваме да го ставиме камен темелникот на трафостаницата и пристапниот пат до првиот ветерен парк во Богданци. Значи тоа е една вака од инвестициите на коишто сме целосно посветени. Исто така активно работиме на проектот за изградбата на Бошков мост како една од приоритетите во хидро…изградбата во хидрокапацитетите. Пред 2 недели потпишавме договор со Чиона, тоа е шпанска компанија која што работи на изработката на физибилити студијата и еколошктие параметри за Луково поле. Значи тоа е проект што го очекуваме да почне да се реализира некаде во идната 2013г., и да напоменам дека исто така силно сме посветени кон стабилизаицјата на состојбите во рудникот Суводол кој, како што знаете, е на залезот на својата кариера, рече Чингоски.
ЕЛЕМ имплементира и современ менаѕхмент систем, а неодамна е добиен и сертификатот ИСО 14 иљади еден и се однесува на менаѕхирање со животната средина, вреден 4 милиони евра.
Сепак најмногу напори се вложуваат во рудните истраги, во барањето нови количества лигнит што треба да го продолжи работниот век на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј:
,,Имаме дополнителни инвестиции во доистражување на наоѓалиштето Живојно каде што завршивме со бушењата, сега треба да го работиме проектот, значи имаме работи во канцеларија, работиме активно на довршување на проектот за отворање на рудникот Мариово итн итн. Значи апсолутно имаме голем број на проекти коишто во паралела ќе се реализираат и тоа особено ме радува бидејки значи дека оваа компанија и понатаму кеј реди успеси во својата дејност.
Интензивно тече ревитализацијата на третиот блок на РЕК Битола. По завршувањето на работите на турбината и на генераторот, како и модернизацијата на парниот котел во почетокот на ноември овој блок ќе влезе во редовно производство.
Со оваа инвестиција неговиот работен век се продолжува за дополнителни 20 години.
Превземено: МТВ1
Датум на објавата: 26.08.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Свето Николовски