Електронската Трговија Станува Тренд и во Земјава

//Електронската Трговија Станува Тренд и во Земјава

Електронската Трговија Станува Тренд и во Земјава

Со 30 виртуелни продавници, државата ќе ја субвенционира електронската трговија. Македонски текстил, чевли, медицинска опрема, храна, се само дел од производите кои преку интернет ќе можат да се нарачаат дирекно од дома.

Со 30ина виртуелни продавници државата ќе ја засилува електронсаката трговија во земјава. 25 постојни домашни компании и 6 во основање кои понудија најдобри бизнис планови на сметка на државната каса ќе го развиваат тргувањето преку интернет и од дома и во странство. Со намалени режиски трошоци и директен 24 часовен пристап до клиентите без посредници се заштедуваат и до 10 илјади евра, велат дел од субјектите.

Следејќи ги плановите на нашите партнери со кои соработуваме од ЕУ и отварањето на нивните веб продавници и зголемувањето на нивниот промет за некаде 10 до 20% првата година, се решивме да пристапиме кон овој чекор. Се надеваме дека профитот на компанијата ќе оди на 5 до 10% за првата година, вели Мартин Јовановски.

Македонски производи од текстилната и чевларската индустрија, информатички пакети, еко соларни системи, медицинска опрема, здрава храна, вино и низа други артикли ќе бидат дел од понудата на веб страниците кои со електронски каталог за 50 производи ќе биде дизајниран на министерството за информатичко општество.

За најдобрите 5 веб продавници на крајот од годината од кога ќе почнат да функционираат ќе бидат дополнително наградени со уште втора година на бесплатно користење и дополнителен електронски каталог за 50 производи, вели Иво Ивановски.

Статистиката покажува дека трансакциите преку елктронско купување кон странство тежат над милион ипол евра. Во Македонија во првиот месец, порастот во тргувањето го достигна резултатот од ланското тромесечје. Електронската трговија станува тренд и во земјава. Најмногу се тргува облека и спортска опрема.

httpv://www.youtube.com/watch?v=QR0DsZ86yNw

Превземено: МТВ 1

Датум на објавата: 23.04.2012

Термин: 17.00 часот

Автор: Сузана Фиданска Стоевска

By | 2012-04-24T01:47:39+00:00 24/04/2012|Информатичка технологија|