„Еуролинк“ Издаде Над 330.000 Патнички Осигурувања

/, Осигурување/„Еуролинк“ Издаде Над 330.000 Патнички Осигурувања

„Еуролинк“ Издаде Над 330.000 Патнички Осигурувања

„Еуролинк Осигурување“ А.Д. Скопје, која е лидер во патничко осигурување на македонскиот пазар од 2005 година, деновиве ја издаде 330.000-та осигурителна полиса. Овој осигурителен производ има долга традиција во компанијата, а вкупната бруто полисирана премија остварена од патничко осигурување, од 2003 година до денес, изнесува околу 5 милиони евра.

Полисите за патничко осигурување од „Еуролинк“ се изработени според меѓународни стандарди, вклучуваат широка палета осигурени ризици и се достапни преку бројни дистрибутивни канали на македонскиот пазар. Овозможени се повеќе модалитети на патнички осигурувања: индивидуално, групно, семејно патничко осигурување, патничко осигурување за ученици и студенти, како и бизнис патничко осигурување.

[custom_frame_center]„Еуролинк“ издаде над 330.000 патнички осигурувања[/custom_frame_center]

Извор: www.plusinfo.mk

Датум на објава: 22.05.2012

By | 2012-05-22T13:38:33+00:00 22/05/2012|Економија, Осигурување|