Еуролинк Осигурување со Раст од 16% во Однос на 2010 Година

//Еуролинк Осигурување со Раст од 16% во Однос на 2010 Година

Еуролинк Осигурување со Раст од 16% во Однос на 2010 Година

Еуролинк осигурување заклучно со 2011 година, го потврди второто место помеѓу 15-те осигурителни компании на пазарот на осигурување во Република Македонија.

Друштвото и понатаму е водечка компанија во осигурителната индустрија во земјата во имотните осигурувања, осигурувањето од одговорност и патничко осигурување.

Компанијата реализираше бруто полисирана премија од 772 мил. денари, а со тоа раст од 16% во однос на 2010 година, додека вкупниот пазар на неживотно осигурување во РМ во истиот период забележа раст од 3%.

Вкупните резерви на Компанијата пораснаа за 36%, додека нето техничките резерви за 25%, со што достигнаа износ од  400 милиони денари.

– Особено сме горди што со исклучителни резултати влегуваме и во 2012 година, која е во знакот на одбележување на 10- годишнината од основањето на компанијата. Овие резултати особено ни значат затоа што ги отсликуваат сите наши заложби во текот на децениското постоење. Успехот со достигнување втора позиција на пазарот е дотолку позначаен за нас од причини што истиот е постигнат во услови на силна пазарна конкуренција од меѓународни осигурителни компании. Со ова потврдуваме дека Македонија знае и умее да продуцира домашен бренд подготвен за освојување  водечки позиции во меѓународни рамки, изјави м-р Александра Наќева Ружин, извршен директор на Еуролинк осигурување АД Скопје.

[custom_frame_center]Еуролинк Осигурување со Раст од 16% во Однос на 2010 Година[/custom_frame_center]

Превземено: www.inpress.com.mk

Датум на објавата: 09.04.2012

Автор: Инпрес

By | 2012-04-10T06:12:20+00:00 10/04/2012|Осигурување|