Право на секој трговец
Додека владите од соседството застанаа на страната на граѓаните и ги лимитираа маржите на дел од основните прехранбени продукти, нашите институции велат дека не-ма механизми за заштита. Основ-ното правило е дека во пазарна економија пазарот е тој што ги формира цените. Молчат и бизнис-мените. Официјално кажуваат дека маржите им се 10 до 12 отсто, а неофицијално дека може да дос-тигнат и до 30 отсто. Ниту во Организацијата на пот-рошувачи немаат механизми со кои можат да ги заштитат граѓаните од прескапите трговци. Од таму потен-цираат дека треба да се отворат јавни дебати на оваа тема. Според нив, жално е што Македонците се повеќе пазаруваат брендирана сто-ка во соседството и подалеку. Цената на производите во земја-ва ја формира пазарот. Ние немаме реакција од граѓаните за високите маржи на нашите трговци, но тие реа-гираат така што наместо во земјава, купуваат во соседството. Граѓаните се свесни дека цените кај нас на одреде-ни брендирани производи се повисо-ки отколку во други земји во регионот, имаат интернет, следат, шетаат и сво-јот револт го изразуваат така што ку-пуваат во соседството, Бугарија, Грци-ја, Турција. Дали тешко може да доне-сат некој бренд кај нас поради мали-от пазар или повеќе сакаат нивните марки да се продаваат на големите пазари, не знам. Но, сите гледаме де-ка брендирани производи, на при-мер, во Бугарија, се двојно поевтини одколку кај нас – велат во ОПМ. Експертите се согласуваат дека маржите кај нас се највисоки во регионот, повисоки дури и од зем-јите што се членки на ЕУ. Металниот склоп на трговците покажува дека тие се уште живеат во периодот во бивша СФРЈ. Не сфаќа-ат дека со високата маржа ја зголе-муваат цената на одреден производ, прават резерви, кои им носат ог-ромни загуби. Дел од нив се уште се со логиката дека ако на купувачот нешто му треба, мора да го купи, без разлика на цената. Никој од нив не размислува дека со поголем обрт и помала маржа се прави поголема заработувачка – вели професорката Марија Зарезанкова-Потевска. Таа објаснува дека помали мар-жи на производите нашите трговци ставаат само пред истекот на рокот на производот односно тогаш кога мора да ги потрошат резервите.
Покривање трошоци
Трговците велат дека и со таа маржа едвај опстојуваат. Увезувам кожена галантерија, најчесто чанти и паричници од познати турски марки. Во малопродаж-бената цена на секој производ мора да биде пресметан процент за тро-шоци како транспорт, но и за кири-ја, сметки, плати… Можеби нашите маржи изгледаат високи, ама со нив едвај ги покриваме трошоците. Не знам зошто е тоа така, но иако производот го продаваме по трипа-ти повисока цена од набавната, ние едвај опстојуваме – признава сопс-твеник на бутик во Скопје. На граѓаните им се дига коса од големината на маржите. Велат дека едвај чекаат да пазарат во соседс-твото, бидејќи освен поквалитетни, добиваат и евтини производи. Еднаш месечно одам во Со-лун. Таму набавувам прашоци за перење, средства за лична хигие-на, инстант кафиња, чоколади и други работи, кои кај нас се со 30 отсто повисока цена. А за квали-тетот да не правам муабет. Исто средство за вадење дамки купено од таму не може да се спореди со квалитетот што ни го нудат во на-шите продавници. Тоа навистина вади дамки. Значи, со пресметан бензин и трошоци за пат, сепак ми се исплати да купувам поква-литетни и поевтини производи од соседството – вели скопјанката Валерија.
Дебел сатар за белата техника
„Дневник” истражуваше и дој-де до неверојатни податоци дека покрај за храната, нашите тргов-ци им удираат дебел сатар на граѓаните и за белата техника, гардеробата, обувките и за ред други производи. Излезе дека тие се поевтини во Лондон, Мос-ква или во Софија отколку во Скопје. Телевизор од поновата генерација на „Сони”, подготвен за гледање во ЗД, со дијагонала од 117 сантиметри, Македонците го купуваат за околу 1.720 евра, Хрватите за 1.666 евра, во Србија чини 1.500 евра, а во регионот најевтино ќе го купат Бугарите, за 950 евра. Истиот телевизор на пазарите во европските земЈи може да се најде во просек за 1.150 евра. Вакви примери има многу. Трговците објаснуваат де-ка е нормално еден производ да биде поевтин во Германија или во Хрватска, бидејќи за да дојдат до Македонија треба да се прес-метаат поголеми транспортни трошоци, а и тие пазари се многу поголеми. Освен тоа, големите фирми главно имаат застапници за регионов кои самите ставаат своја маржа, па кога ќе се дода-де и таа на увозникот од земјава, излегува дека истиот производ е кај нас поскап отколку во другите земји.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Дневник
Автор: Валентина Ангелковска и Александра Филиповкса
Датум на објава: 15.05.2012