Фолксваген Голф VII доби погон на сите четири тркала

//Фолксваген Голф VII доби погон на сите четири тркала

Фолксваген Голф VII доби погон на сите четири тркала

Германскиот производител на автомобили Фолксваген во пондуата на седмата генерација на Голф го додаде и 4Motion погонот на сите четири тркала.

Системот пристигнува во вистинско време со оглед на зимските услови, а компанијата го опишува како најмодерен и најефикасен во светот. 4Motion доаѓа со Халдекс спојка што обезбедува брза реакција без оглед на условите.

Погон на четири тркала ќе добијат само моделите со ТДИ мотори. Дизелот од 1,6 литри испорачува 105 коњски сили, што е доволно за забрзување од нула до 100 километри на час за 11,5 секунди и максимална брзина од 187 километри на час. Просечната потрошувачка изнесува 4,5 литир на 100 километри.

Достапна е и верзијата со 2,0 литарски ТДИ мотор кој развива 150 коњски сили. Овој модел од 0 до 100 килметри на час забрзува за 8,6 секунди, а максималната брзина изнесува 211 километри на час. Просечната потрошувачка е 4,7 литри на 100 километри.

Погонот на сите четири тркала 4Motion чини дополнителни 1.800 евра.

[custom_frame_center]Фолксваген Голф VII доби погон на сите четири тркала [/custom_frame_center]

Извор: a1on.mk

Датум на објава: 29.01.2013

By | 2013-01-29T12:36:55+00:00 29/01/2013|Автомобили|