Компании од автомобилскиот сектор ќе ги финализират преговорите за инвестирање во Македонија

/, Економија/Компании од автомобилскиот сектор ќе ги финализират преговорите за инвестирање во Македонија

Компании од автомобилскиот сектор ќе ги финализират преговорите за инвестирање во Македонија

Глобални компании од автомобилскиот сектор во текот на првиот квартал од годинава ќе испратат свои претставници во Македонија со цел да ги финализираат преговорите за изградба на свои фабрики во земјава.

Ова, како што соопшти Дирекцијата за Технолошко индустриски зони, е најавено на средбите што директорот на Дирекцијата Виктор Мизо ги оствари на Automotive News World Congress, кој се одржува во Детроит за време на NAIAS – најголемиот автомобилски саем во Северна Америка.

Станува збор за американски и европски компании производители на автомобилски делови со кои се разговара за потенцијални инвестициски проекти во слободните економски зони во Македонија. Средбите беа остварени на националниот штанд на кој беше претставена Македонија.

На конференцијата присуствуваат претставници на најголемите автомобилски компании во светот, како и директори на глобалните компании за производство на автомобилски делови. Освен Македонија, со свои штандови се претставија и Мексико, Тексас, Лузијана, Вирџинија и Џорџија.

[custom_frame_center]Компании од автомобилскиот сектор ќе ги финализират преговорите за инвестирање во Македонија [/custom_frame_center]

Извор: www.lider.mk

Датум на објава: 15.01.2014

By | 2014-01-15T15:04:23+00:00 15/01/2014|Автомобили, Економија|