Ѓорѓе Војновиќ Нов Извршен Директор во Триглав Осигурување

//Ѓорѓе Војновиќ Нов Извршен Директор во Триглав Осигурување

Ѓорѓе Војновиќ Нов Извршен Директор во Триглав Осигурување

[custom_frame_left][/custom_frame_left] По добивањето на согласноста од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија за вршење на функцијата извршен член, Одборот на директори на 1-ви август 2012-та година го назначи Ѓорѓе Војновиќ за Извршен директор на Триглав Осигурување АД.

„Триглав Осигурување АД, со вклучувањето на г-дин Ѓорѓе Војновиќ во сопствените редови, се стекнува со извонреден менаџер, кој уште повеќе ќе придонесе кон зацврстување на лидерската позиција на компанијата на пазарот на осигурителни услуги во Македонија и со своето инволвирање, како професионалец и како личност, дополнително ќе ја подржи компанијата во своите стремежи за корпоративна општествена одговорност”, се наведува во соопштението на Триглав Осигурување.

Војновиќ е одговорен за менаџирање на активностите во компанијата, креирањето на деловната политика, спроведување на одлуките на Собранието на акционери и Одборот на директори. Воедно, во доменот на неговите надлежности се и проджба и маркетинг на осигурителни услуги, правното, административното и финансиското работење на компанијата, како и менаџирањето со човечки ресурси.

Ѓорѓе Војновиќ завршил постдипломски студии по бизнис и администрација на универзитетот Шефилд при City College во Солун. Во текот на својата кариера тој се стекнува со широки познавања во доменот на менаџмент, оценка и анализа на деловни ризици, маркетинг, продажба и односи со јавноста.

Покрај неговиот ангажман како професионален кошаркар, Војновиќ во периодот од 1999-та година досега извршуваше исклучително одговорни позиции, како на пример извршен директор на Кошаркарската Федерација на Македонија, генерален директор на МИ-ДА Моторс Скопје, како и член на Управниот одбор на Хипо Алпе-Адриа-Лизинг Скопје.

Сестраноста и инволвираноста во општеството Војновиќ ја покажува со својот ангажман во активности надвор од своите професионални обврски, како поранешен национален координатор за кошарка за Македонската Специјална Олимпијада, и волонтерски спортски директор на Кошаркарска Федерација на Македонија и останати клубови во земјата.

[custom_frame_center]Ѓорѓе Војновиќ Нов Извршен Директор во Триглав Осигурување[/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 23.08.2012

By | 2012-08-24T06:12:17+00:00 24/08/2012|Осигурување|