Годинава Македонската Економија ќе Стагнира

/, Економија/Годинава Македонската Економија ќе Стагнира

Годинава Македонската Економија ќе Стагнира

Годинава македонската економија нема да покаже раст, ќе стагнира, а позабрзан раст може да се очекува дури по 2014 година. За 2013 година се прогнозира умерен раст од 2,6%. Ова го кажуваат најновите макроекономски проекции на Народна банка на Македонија за периодот од 2012 до 2014 година.

Во најновата проекција имаме надолна ревизија на проекциите за БДП што ги правевме во јули. Годинава ќе имаме стагнација, односно нула стапка на раст наспроти претходно проектираниот раст од 1% и раст од 2,6% во 2013 наспроти 3% во претходната прогноза  рече на вчерашната пресконференција гувернерот Димитар Богов.

Стагнацијата на македонската економија годинава и умерениот раст во наредните две години при очекувани нови приватни и јавни инвестиции ќе се случат главно поради намалената побарувачка од странство. Проектираниот раст за наредните две години, сметаат во НБМ, ќе биде под потенцијалот на македонската економија.

За разлика од БДП, каде проекциите одат надолу, кај инфлацијата има нагорни корекции. Годинава и наредната година ќе имаме инфлација од 3,5%, а не од 2,2% како што се проектираше претходно, а нејзино стабилизирање се очекува дури во 2014 година. Најголемо влијание на растот на инфлацијата ќе имаат повисоките увозни цени на храната и енергијата. И понатаму има отсуство на поголеми притисоци врз инфлацијата од домашната побарувачка.

НБМ очекува пониски капитални приливи во 2012 година, кои сепак се доволни за целосно покривање на дефицитот во тековната сметка. Се предвидува и влошување на тековната сметка во 2013 и 2014 година при истовремено зголемени капитални приливи, а девизните резерви ќе бидат околу адекватното ниво. Кредитниот раст годинава треба да забележи зголемување за околу 7%, а во наредните две години умерено да се забрза, при натамошен раст на депозитите и расположливите странски извори на финансирање.

Гувернерот посочи дека банкарскиот систем и натаму бележи висока стапка на адекватност на капиталот над 17% и висока ликвидност. Учеството на не функционалните во вкупните кредити на почетокот на третиот квартал од годинава е 10,6%, што е висок процент, но не загрижува бидејќи во овој период не се креирани нови ризични пласмани. Според Богов, ризичните пласмани се направени пред 2008 година кога беше кредитниот бум, а сега се покажуваат. Македонија, како што додаде, во регионот од Словенија до Грција има најниска стапка на нефункционални кредити.

[custom_frame_center]Годинава Македонската Економија ќе Стагнира[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 02.11.2012

Автор: С.Ву.

By | 2012-11-02T05:35:22+00:00 02/11/2012|Банки, Економија|