Гринфилд-Инвестиција од 20 Милиони Евра

//Гринфилд-Инвестиција од 20 Милиони Евра

Гринфилд-Инвестиција од 20 Милиони Евра

Официјално проработи фабриката на американскиот гигант за производство на високо софистицирана електроника „Кемет електроникс” во технолошко-индустриско развојната зона Бунарџик. Како што истакна извршниот директор на компанијата, Пер Луф, во моментов во фабриката се вработени 100 луѓе, а планираат таа бројка постепено да расте и до крајот на оваа фаза од активностите да порасне до 500 вработени. Основната вредност на оваа гринфилд-инвестиција изнесува 20 милиони евра, а до заокружувањето на планираните активности ќе бидат вложени уште 1015 милиони долари. Фабриката се простира на 11.000 квадратни метри, од кои 9.000 се простор за производство. Во неа се поставени пет производствени ленти, а во идниот период тие ќе бидат дополнети со седум нови.

Македонија ја избравме меѓу повеќе локации во Европа. За донесување на таквата одлука многу придонесоа квалитетот на луѓето во земјата, нивото на образовниот систем и нивната обученост, како и познавањето на англискиот јазик истакна извршниот директор на „Кемет”.

На вчерашната свеченост во технолошкоиндустриуско развојната зона Бунарџик присуствуваа и. претседателот на Владата Никола Груевски, американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, македонскиот во САД Горѓи Јолевски, повеќе министри и гости од бизнис-секторот.

„Кемет електроникс” е една од најголемите компании од секторот за производство на висока технологија, чии производи се користат во разни гранки од авионската, вселенската, автомобилската, медицинската, воената, како и во индустријата за производство на комуникациски системи. Како што истакна премиерот Груевски, својата големина компанијата ја покажала и со тоа што фабриката е изградена и е потполно функционална за рекордно време. Веќе неколку месеци во фабриката се одвива и подготвително производство.

Од особено значење за нас е тоа што „Кемет електроникс” е еден од најголемите светски брендови во индустријата за изработка на високо софистицирани производи кои се користат во речиси сите електронски уреди. Присуството на „Кемет” во Македонија претставува и своевидна покана за компаниите со кои соработува „Кемет” да го следат нејзиниот пример и да ја изберат Македонија како своја идна бизнис-дестинација  изјави Груевски.

Отворањето на фабриката на „Кемет електорникс” претставува чекор кон потполно исполнување на капацитетот на зоната, со што таа се трансформира во првокласен индустриски комплекс за производство на високо софистицирана технологија и за трансфер на знаења, истакна директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Минатата година извозот од зоната Бунарџик претставуваше 16,3 отсто од вкупниот извоз на Република Македонија и ја промени структурата на извозот од нашата земја. „Кемет” е првата од трите компании што треба да почнат со произеодство во зоната Бунарџик до крајот на годинава. Со тоа во зоните во Македонија ќе бидат вработени вкупно 1.300 луѓе за разлика од лани кога таа бројка беше 500  истакна Мизо.

„Кемет електроникс” е седмата компанија што инвестира во развојната зона Бунарџик.

[custom_frame_center]Гринфилд-Инвестиција од 20 Милиони Евра[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 19.10.2012

Автор: Александар Арсовски

By | 2012-10-19T08:32:56+00:00 19/10/2012|Економија|