Република Македонија е целосно подготвена да учествува со полн капацитет во иниција-тивата на премиерот на Кина за финансирање во земјите од источна и југоисточна Европа, изјави во Пекинг македонскиот премиер Никола Груевски на средбата со кинескиот колега Вен Џиабао.Подготвеност и заложба за унапредување и интензивирање на економските односи, засилување на економската соработка, зголемување на трговската размена и соработка на полето на инвестициите. Ова беше главна тема на вчерашната работна средба во Пекинг на премиерот Никола Груевски со премиерот на Кина, Вен Џиабао. Најголем акцент беше ставен на три проекти, за кои премиерот Груевски во изминативе два дена имаше разговори со кинеските компании и стопански комори, од коишто еден е крупен проект од областа на енергетиката, а вториот е од областа на изградбата на патишта. Третиот проект кој е наменет само за кинеските компании е изградба на индустриски парк во Македонија. Со таа цел на средбата беа презентирани условите и предностите што ќе ги привлечат кинеските компании да инвестираат во Македонија. Во однос на иницијативата на премиерот Џиабао за потесна економска соработка меѓу Кина и земјите од Источна и Југоисточна Европа и алоцирање 10 милијарди долари средства на кинеската влада за финансирање проекти, премиерот Груевски истакна дека Македонија во целост е подготвена да учествува со полн капацитет. Побарав поддршка за три значајни проекти, но исто така разгледавме и една група од пет-шест други проекти кои во иднина би можело да бидат доразвиени. Од овие три би можел да спомнам дека едниот е крупен проект во делот на енерге-тиката. Вториот е крупен проект во делот на изградба на патишта, а третиот е проект кој веќе го имаме спомнато во нашата јавност и за кој стана збор и минатиот пат кога се видов со премиерот на Кина. Овој проект предвидува една технолошко-индустриска развојна зона во Македонија да се даде на ки-нески компании и тие да дојдат и да изградат фабрики кај нас. Изнесов многу повеќе детали за усло-вите за правење бизнис во овие технолошко-индустриски развојни зони, рече премиерот Груевски. Според него коментарите на Џиабао биле прилично охрабрувачки. Ддминистрациите на двете земји ќе продолжат да комуницираат во врска со овие три крупни проекти. За технолошко-индустриската зона, покрај останатото, Џиабао напомена дека е информиран оти Македонија има најдалеку отидено во однос на регулативата, но и во однос на условите во овие технолошко-индустриски развојни зони и дека генерално постои интерес за овој проект којшто понатаму треба да го доразработат и доанализираат и да ни пријдат за натамошни дискусии, изјави Груевски. Другите пет-шест проекти кои беа дел и од претходните разговори на македонскиот премиер со менаџерите на кинеските компании, се поврзани со хидроцентра-ли, патишта, енергетика. Во секој случај средбата со Џиабао беше значајна и на неа, овој пат, бевме повеќе концентри-рани на економскиот дел. Нашиот престој тука е добредојден. Сериозен сигнал е кога во рамки на едно роуд шоу како ова, на кое во пет работни дена ги претставувам бизнис-можностите во пет различни градови во Кина, премиерот на Кина ќе направи прием. На тој начин тој индиректно дава и сигнал дека политички Кина поддржува инвестиции на кинески компании во Македонија, потен цира премиерот Груевски. Кинескиот премиер Џиабао ја изрази подготвеноста на кинеската Влада за поддршка и охрабрување на кинеските компании да инвестираат во Македонија и да ги искористат можностите и предностите кои нашата земја ги нуди на инвеститорите. Како позитивни посебно ги истакна мерките во областа на индустриските зони, при што потенцираше дека Маке-донија има направено голем напредок во оваа област. Работната средба на Груевски со премиерот на Народна Република Кина, Вен Џиабао, е втора во рок од две седмици и трета во последните две години.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Вечер
Датум на објава: 16.05.2012