Групацијата Телеком Словеније во Првиот Квартал со Добивка од 15.4 мил. Евра

//Групацијата Телеком Словеније во Првиот Квартал со Добивка од 15.4 мил. Евра

Групацијата Телеком Словеније во Првиот Квартал со Добивка од 15.4 мил. Евра

Групацијата Телеком Словеније во првите три месеци од годината оствари нето добивка во износ од 15.4 милиони евра, зголемување од 6% за истиот период лани.

Приходот од работењето изнесува 193.8 мил. Евра, помалку за 1% од истиот период минатата година. Трошоците од работењето исто така се помалку за 1% во контекст на интензивните напори во продолжувањето на проектот за реконструирање на бизнис процесот.

EBITDA достигна 68.7 милиони евра или 35.4% од оперативните приходи, додека EBIT се намали за 1% и изнесуваше 22.8 милиони евра. Нето финансискиот долг е намален за уште 126.5 милиони евра од крајот на март 2011 година и изнесува 354 милиони евра.

Вкупните инвестиции, за кои Групацијата резервираше 14.5 милиони евра, беа до 18%. Кварталните резултати од работењето беа дискутирани и одобрени од страна на Надзорниот Одбор на Телеком Словеније на 29 мај. Во првиот квартал ОНЕ забележа раст.

На прес конференција во четврток која се одржа во Скопје, Претседателот на Бордот на директори на Телеком Словенија, Ивица Крањчевич ги претстави консолидираните резултати за Групацијата за првите три месеци од годината истакнувајќи дека Групацијата остварила нето добивка од 15,4 милиони евра. На прес конференцијата се обрати и Генералниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол кој задоволен од резултатите изјави:

„Во првите три месеци од годинава ОНЕ направи клучни промени во работењето. Со цел да обезбедиме највисоко ниво и квалитет на услуга за нашите корисници воведовме нови комерцијални политики, ја проширивме дистрибутивната мрежа, обновивме дел од нашите продажни салони и го сменивме пристапот во креирање на производи и услуги. Сето тоа резултираше со раст во сите сегменти од нашето работење”, рече Кафол.

[custom_frame_center]Групацијата Телеком Словеније во Првиот Квартал со Добивка од 15.4 мил. Евра[/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 07.06.2012

By | 2012-06-08T03:10:14+00:00 08/06/2012|Телекомуникации|