Водечкиот производител на персонални компјутери „Хјулит Пакарт” направи интерна реорганизација на компанијата, поделувајќи ја на две целини со цел да го поедностави работењето и да ја задржи лидерската позиција во светски рамки со испорачани 62 милиони преносни и деск-компјутери и 52,3 милиони принтери.
„Хјулит Пакарт”, според регионалниот директор на ХП за печатачи и персонални системи ХП вчера го претстави новото портфолио на седум нови печатачи кои печатат два пати повеќе страници за иста цена како досегашните принтери Игор Фиолиќ, е лидер и на македонскиот пазар со 19% удел на испорачани преносни и деск-компјутери, а држи и 35,4% од пазарот на принтери.
Од компанијата вчера го претставија проширеното портфолио на HP Deskjet Ink Advantage печатачи кои се наменети за домашна и за канцелариска употреба.
Новите печатачи печатат два пати повеќе страници за иста цена, а е задржан премиум квалитетот по кој е препознатлив „Хјулит Пакарт”. Комплетно новата серија печатачи е наменета за растечки пазари, како што е македонскиот. Во Турција, на пример, 20% од корисниците веќе се префрлија на HP Deskjet Ink Advantage појасни Елена Андоновска, регионален менаџер на ХП.
Јулијана Прчковска, главен и одговорен уредник на списанието „Ентер” ги презентира искуствата во практичното работење со новите печатачи на ХП.
Оваа серија е измислена за средношколци и студенти кои најчесто имаат потреба од печатење на скрипти, семинарски и слично и на кои цената по испринтан лист им е многу важна вели Прчковска.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Вечер
Датум на објавата: 06.09.2012
Автор: С.Бл.