Инвестиција од 23 Милиони Евра за Удвојување на Извозот

/, Тутунска Индустрија/Инвестиција од 23 Милиони Евра за Удвојување на Извозот

Инвестиција од 23 Милиони Евра за Удвојување на Извозот

[custom_frame_left]Untitled[/custom_frame_left] „Империјал тобако ТКС”, која годинава одбележува 10 години од преземањето на некогашниот Тутунски комбинат – Скопје, вчера го објави почетокот на инвестицијата во висина од 23 милиони евра, која ќе опфати целосно реновирање на сите објекти во рамките на фабриката, ќе се инвестира во нови машини за изработка и за пакување цигари, а ќе биде набавена и нова опрема за следење на производот. Со ова ќе се комплетира модернизацијата, со што фабриката ќе стане една од најмодерните во регионот.

Според Ричард Парат, генерален директор на компанијата, со новите машини сегашното производство од над 6 милијарди цигари ќе се зголеми на 10 милијарди, при што најголемиот дел од зголеменото производство ќе биде наменето за извоз. Инаку, од вкупното производство, околу 3 милијарди цигари се продаваат на македонскиот пазар, додека останатите се извезуваат во Словенија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Во земјава таа држи 70 отсто од пазарот. Во ТКС се произведуваат брендовите „вест”, „давидоф”, „бос”, „голуаз”, „стил” и „родео” (кој е најпродаван бренд на нашиот пазар, кој постои 25 години) и уште неколку од „постарите” видови цигари.

„Империјал тобако” во Македонија е во групата на 15 најголеми извозници. Истовремено е и еден од 10. најголеми даночни обврзници, кој во последните десет години кон државата има платено над половина милијарда евра. ТКС годишно за сите свои пазари низ светот откупува повеќе од 3.000 тони македонски тутун. Минатата година, на пример, е откупен тутун во вредност од 12 милиони американски долари. Со зголемување на производството веројатно за околу 10 отсто ќе се зголемат и количините на нашиот откупен ориентален тутун, кој со околу 12 отсто учествува во производството на една цигара.

[custom_frame_center]Инвестиција од 23 Милиони Евра за Удвојување на Извозот[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 13.07.2012

Автор: З.П.