Издадени 5 од 15 Плажи на Охридскиот Брег

//Издадени 5 од 15 Плажи на Охридскиот Брег

Издадени 5 од 15 Плажи на Охридскиот Брег

Старите закупци на 5 плажи во Охрид и во следните 5 години ќе работат со нив, откако ја понудија вистинската сума на денешното јавно наддавање. За останатите 10 плажи ќе се распише уште еден јавен повик.

Од понудените 15 плажи Транспорт и врски под краткорочен закуп издаде само 5 – две во срцето на стариот Охрид кај рибарската населба Канео и три во близина на Биљанини извори. Со нив и во наредните 5 години ќе стопанисуваат довчерашните закупци. 10.400 евра беше највисоката цена постигната на денешното електронско јавно наддање,  а 758 евра-најниската. Капалиштата треба да бидат уредени до почетокот на јуни.

Нити една од плажите на потегот од Горица па се до Пештани не се издаде под закуп бидејќи немало интерес а старите закупци не се пријавија оти не им одговарале критериумите и цената. Транспорт и врски за нив сега пак ќе распише нов јавен повик со истите услови.

Концесионерите кои денеска не сакаа да зборуваат пред камера велат дека 3 дена по првичното објавување на јавниот повик транспорт и врски објави исправка со која скоро сите 15 плажи имаат нови проширени катастарски парцели со двојно поголема површина – вметнувајќи ги тука и паркинзите, зелените површини, патеките што влијаело и врз цената.

Инаку најповолните понудувачи за закуп на плажите можат да постават сервисен пункт од дрво, метал или стакло и тука да се направи шанк туш кабини, санитарни јазли, лежалки но и дрвени палтфоми во езерото и да овозможат слободен влез на плажата. Работно време ќе се дефинира со одлука на Советот на општина Охрид.

httpv://www.youtube.com/watch?v=_oWXbeoVpdc

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 18.04.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Росица Голабоска

By | 2012-04-19T01:35:38+00:00 19/04/2012|Економија|