Извозниот потенцијал на Алкалоид презентиран пред амбасадорите

/, Здравство/Извозниот потенцијал на Алкалоид презентиран пред амбасадорите

Извозниот потенцијал на Алкалоид презентиран пред амбасадорите

На работен појадок со дипломатскиот кор во земјава во организација на Министерството за надворешни работи, фармацевската компанија Алкалоид денеска имаше можност да ги презентира своите извозни потенцијали и да ги запознае дипломатите со нејзините активностите на странските пазари, како и со стратегиите за во иднина.

“Мислам дека е прекрасна, синергична варијанта на презентирање на позитивните страни на македонскиот бизнис, но и на ангажманите кои МНР ги прави за да помогне на македонскиот бизнис да се испромовира што подобро“, изјави генералниот директор на Алкалоид Живко Мукаетов.

Целта на средбата, како што рече Попоски, е да се запознае дипломатскиот кор со македонските компании кои се присутни на странските пазари.

“Целта ни беше заедно со напорите што ги правиме во делот на економската дипломатија за промоција на Република Македонија како интересна дестинација за странски инвеститори, исто така, и да ги запознаеме претставниците на дипломатскиот кор со македонските компании кои се присутни на надворешните пазари и кои, исто така, се заинтересирани да инвестираат надвор“, изјави Попоски и најави дека вакви средби ќе се организираат со сите компании што се присутни на странските пазари.

Клучните прашања за кои било дискутирано на средбата биле бизнис климата во Македонија, можностите за развој, ефектите од економската криза, интересот што постои кај инвеститорите за македонските фирми.

[custom_frame_center]Извозниот потенцијал на Алкалоид презентиран пред амбасадорите[/custom_frame_center]

Извор: www.tocka.com.mk

Датум на објава: 30.05.2012

By | 2012-05-30T14:10:59+00:00 30/05/2012|Економија, Здравство|