225 илјади евра ќе плати компанијата Камфуд за градежна парцела покрај Јужниот булевар во центарот на Скопје, која беше продадена на јавно надавање.
Земјиштето е со површина од 2.085 метри квадратни. Максималната површина за градење изнесува 435 метри квадратни, а инвеститорот има право да гради објекти во висина од пет метри.
Веднаш до оваа локација, на поголема површина, Камфуд веќе гради објект – пазар со административно-деловми содржини.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Капитал Дневен
Датум на објава: 15.05.2012