Карлос Слим Преку Вип Оператор Инвеститор во Македонија

//Карлос Слим Преку Вип Оператор Инвеститор во Македонија

Карлос Слим Преку Вип Оператор Инвеститор во Македонија

Во интервју за новинската агенција Ројтерс финансискиот директор на Телеком Австрија, Ханс Чуден, потврди дека најбогатиот човек во светот, Карлос Слим, сопственик на мексиканскиот телеком Америка мовил, купил 26% од акциите на Телеком Австрија, сопственик на македонскиот оператор Вип.

Во интервјуто Чуден најавува дека Телеком Австрија сака да ги зголеми операциите во фиксниот телекомуникациски сегмент во земјите во кои веќе има операции од областа на мобилната телефонија, надевајќи се дека така ќе го повтори успехот кој го постигна во матичната Австрија, каде што привлече голем број муштерии кон лукративните пакети кои вклучуваат фиксна линија, Интернет, мобилни и тв-услуги, јавува.

Телекомот се уште нема фиксни мрежи и не нуди фиксни телекомуникациски услуги во Белорусија, Словенија, Србија, Македонија и во Лихтенштајн. Покрај ова, Чуден вели и дека Телекомот во оние ситуации кога не ќе може самиот да ги финансира идните проширувања на мрежите ќе се потпира врз својот нов партнер, Карлос Слим. Во матичната Австрија околу еден милион од вкупниот број од 2,3 милиони муштерии на компанијата се претплатени на повеќе од една услуга, а Чуден смета дека Телекомот може да убеди уште 30% од останатите 1,3 милиони клиенти да го сторат истото.

Од друга страна пак, тој додава и дека Телеком Австрија засега нема планови да се шири на нови пазари на кои нема никакво присуство. „Минатата година направивме три аквизиции, две во Бугарија и една во Хрватска, при што додадовме и фиксни кон нашите мобилни операции и ова е начинот на којшто ќе продолжиме”, вели Чуден за агенцијата.

[custom_frame_center]Карлос Слим Преку Вип Оператор Инвеститор во Македонија[/custom_frame_center]

Превземено: Капитал Дневен

Датум на објавата: 23.08.2012

By | 2012-08-23T04:52:50+00:00 23/08/2012|Телекомуникации|