Катарската делегација која деновиве ја скенираше Македонија како потенцијална бизнис дестинација реши да го продолжи престојот до недела. Корпорации кои располагаат со капиталот повеќе милијарди долари разгледуваа локации за изградба на хотели, производствени погони а се заинтересирани и за изградба на бензински пумпи. Нова посета најавуваат за еден месец. Катарците ја скенираа Македонија како потенцијална бизнис-дестинација. Ќе ги филтрираат импресиите и за неполн месец повторно доаѓаат во земјава. Корпорации кои располагаат со капитал од повеќе милијарди долари, разгледуваа локации за изградба на хотели, погони за производство на храна, извори на минерална вода во источна Македонија. Qатар холдинг и Qатар wатер анд елецтрицитy заинтересирани за скопските хидроцентрали, а од Qатар фуел за изградба на бензински пумпи во главниот град, по должината на коридорот 10, во Штип, Прилеп и во Охрид. Барале детали и од Регулаторната комисија за енергетика. Наместо да си одат денеска, се решиле да го продолжат престојот до недела. Беше најавено дека веројатно ќе дојде уште една делегација, за еден период од 2, 3 или 4 недели, којашто дополнително би скенирала детали за нивните потенцијални инвестиции. Ние не сакаме ништо да прејудицираме, тие на крајот ќе ја донесат конечната одлука – дали и во што ќе инвестираат, доколку се одлучат да инвестираат. Ние го следиме нивното движење и им помагаме, изјави Никола Груевски, претседател на Владата на Р. Македонија. Со самиот факт што компании како ЅХонсон Мети и ЅХонсон Контролс се решија по втор пат да инвестираат во Македонија, се праќа силен сигнал за другите странски инвеститори а^€“ смета премиерот. Инвестираат висока технологија и многу наши кадри добиваат дополнителни обуки на таа висока технологија, изјави Никола Груевски, претседател на Владата на Р. Македонија. Наскоро во Бунарѕхик ќе почнат да работат Кемет електроникс и Текнохозе, а во зоната во Тетово швајцарската Wиндтек. Со полна пареа се работи и на објектите на Протек груп, на Ванхол и на Мадерсон, на фабриката на Џонсон Контролс во Штип и на објектот на Дрекслмајер. Кога овие фабрики ќе профункционираат со полн капацитет, во Македонија ќе влезе околу 200 милиони евра странски капитал, а ќе се отворат нови десетина иљади работни места.
httpv://youtu.be/_RgEgzr13Mw
МЕДИУМ:МТВ1
ДАТУМ НА ОБЈАВА: 10.05.2012
ЕМИСИЈА:Дневник
ТЕРМИН:19:30
АВТОР:Мартин Пушевски