Ќе Се Отворат Фри-шопови?

/, Маркети/Ќе Се Отворат Фри-шопови?

Ќе Се Отворат Фри-шопови?

Неофицијални владини извори велат дека се работи на проектот на отворање гранични продавници кои ќе бидат класични продажбени објекти, па дури се вели дека за него бил задолжен еден од потпретседателите на Владата

Владата планира повторно да ги отвори „фри-шоповите” на граничните премини, дознава “Дневник”. Неофицијалните информации говорат дека на проектот на големо се работи и дека за него бил задолжен еден од владините потпретседатели, но ниедна државна институција не открива прецизни детали дали тоа ќе се случи наскоро. Објектите се планира да функционираат како класични продавници, бидејќи бесцарински фри-шопови се дозволени само на аеродромите и на пристаништата. Ќе бидат издавани под кирија на фирми или на поединци. Владини извори за “Дневник” велат дека интензивно се работи на проектот, но не прецизираат дали отворањето ќе биде до крајот на оваа година или на почетокот на следната.

Идејата за повторни отворање на ваквите продавници дошла поради континуираното одлевање на македонски пари во граничните продавници на соседните држави. Интерни процени зборуваат дека секојдневно во нив се одлеваат стотици илјадници евра. Според груби пресметки, Македонците лани оставиле најмалку 60 милиони евра на странските фри-шопови оти земјава одамна ги има затворено своите гранични продавници. Лани над 6 милиони наши граѓани ја преминале границата, а вкупно 15,8 милиони патници транзитирале низ земјава. Ако се претпостави дека просечно сите оставиле по најмалку 10 евра на странските фри-шопови, излегува дека Македонија губи 158 милиони евра годишно, или речиси половина милион евра дневно оти нема вакви продавници Цигари, алкохолни пијалаци, парфеми или брендирана спортска опрема се само дел од производите што граѓаните секојдневно ги купуваат на овие места.

„Дневник” ги праша сите надлежни институции што се планира за овие продавници. Но освен нео-фицијални информации дека на големо се работи на проектот, не успеавме да добиеме никакви детали. Царинската управа, Министерството за финансии и Владата само не препраќа од една на друга институција за повеќе детали. Во Царинската управа велат дека не се надлежни за продавниците. Од Министерството за финансии не преупатија на Царината, од Владата пак на вицеп-ремиерот Владимир Пешевски.

Граѓаните што често патуваат надвор од земјава негодуваат дека наместо на наши трговци, парите ги оставаат на соседите кои токму во овие гранични продавници имаат цени повисоки од регуларните во внатрешноста на земјата, а многу често поголеми отколку во нашите продавници.

Нашите бесцарински продавници беа затворени во далечната 1997 година, официјално, поради притисоци од ЕУ за затворање на ваквите продавници, но во суштина, поради големата афера врзана за непотизмот околу распределба на продавниците и шверцот. Тогашната влада на Бранко Црвенковски, најголемиот дел од продавниците им го додели на блиски роднини на тогаш актуелните министри. И истите станаа место на шверц со акцизна и брендирана стока. Поради големиот притисок, се донесе решение за нивно затворање, а од рака на тоа одеа и меѓународните регулативи со кои бесцарински продавници се укинуваат на граничните премини, а остануваат дафурционираат; само на аеродромите ,и на пристаништата. Кај нашите сoседи, а и во многу други земји, dosega[nite фри-шопови продолжија да функционираат како класични продавници. Нашата земја, пак, остана на ставот дека нема да се отвораат гранични продавници, па на тој начин државата остана покуса за огромни годишни профити, оставајќи им ги на нашите соседи и признавајќи дека не може да се справи со шверцот на акцизни стоки и финансиската недисциплина.

[custom_frame_center]Ке се отвораг фри-шопови?[/custom_frame_center]

Извор: Дневник

Датум на објава: 26.05.2012

By | 2012-05-28T11:30:22+00:00 28/05/2012|Економија, Маркети|