Ќе се Олеснува Транспортот со Грција

//Ќе се Олеснува Транспортот со Грција

Ќе се Олеснува Транспортот со Грција

Македонските и грчките бизнисмени преговараат за олеснување на транспортот. Се разгледува можноста за поедноставување на царинските, процедури и за продолжување на работното време на солунското пристаниште. Никола Крстиќ за деталите од овие бизнис средби.

Економијата поважна од политиката. Границите се единствена пречка за македонските и грчките бизнисмени кои заедно со цариниците и инспекторите од двете земји бараа начини за олеснување на протокот на стока и патници.

Заедничко царинење на едно место 24 часа во денот, воведување втора и трета смена на солунското пристаниште и зајакнување на капацитетите на фитосанитарните и ветеринарните инспекции се дел од предлозите што се разгледуваа.

Транспортно време на територија на РМ е негде околу 4 часа најмногу, севкупно инфраструктура и транспорт, а од друга страна се случува да стоките партуваат многу повеќе. Од таа страна ваквата средба е од особен значај.

Ќе се забрза целиот процес и мислиме дека кеј успееме во набрзо време…во многу кратко време да ги отвориме портите, да кажеме, и да го убедиме пристанишните власти да почнат да работат и во трета смена (изјави).

Грците начелно се расположени за зајакнување на соработката, но не и за зборување пред камерите. По состанокот ги избегнаа новинарите. На оваа средба се утврдуваа само предлозите, допрва ќе се разгледува можноста за нивно применување во праксата. Ќе се формира и работна група која треба да ги имплементира овие иницијативи.

Грција е нашиот втор најголем трговски партнер. Вкупната размена во првите 11 месеци изнесувала 849 милиони долари. А овој граничен премин има најголем промет.

Освен стотици тони стока, секој месец на Богородица минуваат во просек по 15.000 автомобили.

Превземено: МТВ1

Датум на објавата: 10.12.2012

Термин: 17.00 часот

Автор: Никола Крстиќ

By | 2012-12-11T11:07:48+00:00 11/12/2012|Економија|