“Кока-Кола“ Останува Највреден Светски Бренд

//“Кока-Кола“ Останува Највреден Светски Бренд

“Кока-Кола“ Останува Највреден Светски Бренд

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Највредна марка во светот и понатаму е “Кока-кола“, но оваа година со голем скок и’ се приближи американската компанија “Епл“ благодарение на големата популарност на паметните телефони и таблет компјутери.

Од европските брендови ниту еден не се проби меѓу првите десет, произлегува од годишното истражување на консултантската агенција “Интербренд“.

“Кока-кола“ го држи првото место на листата од 2000 година кога и првпат е составена листата. Моментната вредност на компанијата се проценува на 77,839 милијарди долари.

Вредноста на “Епл“ во последната година е зголемена за 129 отсто, најголем раст од сите марки и изнесува 76,568 милијарди долари. Лани “Епл“ беше на осмо место.

Зад Кока-кола и “Епл“ следат ИБМ, “Гугл“ и “Мајкрософт“, “Џенерал Електрик“, “Мек Доналдс“ и “Интел“.

Најдобро позиционирана неамериканска марка е јужнокорејската компанија “Самсунг“ на деветтото место, додека на 10-тото е “Тојота“.

Од европските брендови на највисоко ниво е “Мерцедес бенц“, на 11-тата позиција, а зад него е уште една марка на автомобили “Бе-Ем-Ве“.

Првпат на листата се најде и една социјална мрежа “Фејсбук“ на 69-тото место со вредност од 5,421 милијарди долари. Најдобро позиционирана нова марка е “Памперс“ на 34-тото место, а нови на листата, исто така, се и “Прада“ и “Мастер кард“.

Пад на вредноста минатата година претрпеле четвртина брендови на листата на 100 највредни. Најголем удар доживеала “Блекбери“, 39 отсто.

[custom_frame_center]“Кока-Кола“ Останува Највреден Светски Бренд[/custom_frame_center]

Превземено: www.tocka.com.mk

Датум на објавата: 03.10.2012

By | 2012-10-04T08:49:48+00:00 04/10/2012|Економија|