Македонските Супербрендови Ќе Бидат Прогласени На 16-ти мај

//Македонските Супербрендови Ќе Бидат Прогласени На 16-ти мај

Македонските Супербрендови Ќе Бидат Прогласени На 16-ти мај

Со престижното признание “Супербрендс” оваа година ќе се закитат 43 брендови. На 16-ти мај во хотелот Александар Палас на свечана церемонија ќе бидат доделени признанијата за Супербренд во земјата за 2011/2012 година.

Секој од овие 43 брендови, во својата категорија, беше избран по пат на гласање од страна на стручно жири и самите потрошувачи.

„Супербрендс е меѓународна организација која ги препознава и промовира успешните и угледни брендови во една земја, кои заслужено го добиваат признанието преку вкрстено мерење на повеќе критериуми. Големо е задоволството што Македонија по втор пат е дел од земјите каде што се доделува ова големо признание. Несомнено, со признание и настан како што е Супербрендс, на компаниите им се дава мотив да бидат уште поуспешни во сферата на нивото работење, а признанието Супербрендс е само доказ дека се наоѓаат на вистинскиот пат“, вели претставникот на Супербрендс за Македонија, Зоран Саздовски.

Првите активности на Супербрендс започуваат во Лондон 1994 година со радиска емисија на B-B-C London која имала за цел да им овозможи на потрошувачите увид во марките кои се достапни во нивниот секојдневен живот.

Денес Супербрендс е присутен во 92 земји и соработува со повеќе од 20.000 светски признати брендови и компании.

По официјалното прогласување, веќе наредниот ден започнува гласањето за новите Супербрендови 2013/2014.

[custom_frame_center]Македонските супербрендови ќе бидат прогласени на 16-ти мај[/custom_frame_center]

Извор: www.taratur.com

Датум на oбјава: 10.05.2012

 

 

 

By | 2012-05-10T11:46:01+00:00 10/05/2012|Економија|