Македонското Јагне Остана на Македонскиот Пазар

//Македонското Јагне Остана на Македонскиот Пазар

Македонското Јагне Остана на Македонскиот Пазар

Кризата во земјите традиционални увознички на македонското јагне значително го намали извозот за време на престојните празници. Се жалат сточарите но и кланиците, првите поради ниската откупна цена, вторите поради стапката на ДДВ за основните суровини.

Во пресрет на Католички Божиќ извозот на јагнешко месо е драстично намален. Од кланиците се жалат дека поради кризата која ги зафати Италија и Хрватска побарувачката постојано паѓа, наместо 15 илјади јагниња годинава ќе извезат едвај 2 илјади. За нив дополнителна потешкотија претставува и тоа што сточарите не се одлучуваат да ги дадат јагнињата поради ниската откупна цена. Утре им е последен ден за да утоварат уште некој камион со јагниња за европскиот пазар.

Огромни количини останаа на грчкиот пазар во живо јагне кои што притискаат со многу пониски цени на италијанскиот пазар. Шпанија исто, што значи многу мали се ислезите од годинава што може да се реализира од планираните количини на пазарот. Загубите сеуште ги немаме проценето тоа на крајот на годината ќе видиме но во однос на следните години ќе бидат огромни, рече Ристо Михајлов, кланица Серта компани, Кавадарци.

Сточарите пак се жалат дека најголем проблем при одгледување на јагнињата е скапата сточна храна како и ненавремената исплата на субвенциите. Приморани се да ги чуваат јагнињата и да се надеваат дека ќе ги продадат пред Велигден.

За нова година и Божиќ јагниња по 50 комада сме имале на кланица земале. Само овај година многу лошо е што фати жешкото многу и травата се онади и неможе да што да пасе.

Немаме доволно храна нема на многу скупо. Субвенција не даваат на време, субвенцијата не даваат на време и мие останавме сега по малку по малку, еве пасат на снег.

Огромен проблем во сточарстовот според извозниците на јагнешко месо претставува и погрешната политика на државата во однос на сточниот фонд. Сметаат дека неможе да има зголемување на сточниот фонд се додека ДДВто на основните суровини како јачменот, сламата и сеното е 18%.

Кај нас е обратно што значи од една овца до незнам колку е ставката до 200 или до 300 овци има 900 динара од 300 таму до 500 незнам таму колку има 700 динара и оди надолу. А во сите други земји од 1 до 300 овци имаат пример 15 евра, од 300 до 500 имаат 20 евра, од 500 до 1000 имаат 25 евра што значи сигурно оној што сака од прва категорија што има до 300 овци ќе настојува да влезе во втора категорија да добие поголема согласност, додава Михајлов.

Недостатокот на регистриран објект за пакување на македонското јагне е уште една пречка за да се зголеми ДДВ на јагнешкото месо кое не оди директно во странските супермаркети туку мора да се доработи.

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 16.12.2012

Термин: 20.00 часот

Автор: Марија Мининчиќ

By | 2012-12-17T05:45:41+00:00 17/12/2012|Економија|