Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот од утре во Вашингтон, Чикаго и Њујорк организира промоции на вина од осум македонски винарии.
На промотивните настани, организирани во соработка со амбасадата на Македонија во Вашингтон и конзулатите во Њујорк и Чикаго, со поддршка на проектите на УСАИД – АгБиз и ИДЕАС ќе бидат претставени вината на „Бовин“, „Далвина“, „Дудин“, „Езимит“, „Попова Кула“, „Стоби“, „Тиквеш“ и „Камник“.
Промоцијата на македонското вино пред дистрибутери, увозници и високи гости од политичкиот свет во Вашингтон ќе се одржи утре, во Чикаго задутре, а во Њујорк на 5 јуни.
Покрај учеството на промотивните настани, претставниците на македонските винарии ќе остварат и средби со вински експерти за американскиот пазар, потенцијални увозници и дистрибутери, како и со претставници на малопродажни ланци и специјализирани продавници за вино.
– Целта на овие настани е освојување на американскиот пазар и зголемување на извозот на вино, преку градење препознатливост за македонското вино пред американските професионалци за вино и американските потрошувачи, како и преку изнаоѓање потенцијални увозници и дистрибутери за македонските винарии во САД, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извзот.
Инаку Македонското вино пред неколку недели беше презентирано во Кина. Најголемиот кинески дистрибутер на вино најави потпишување на договори со девет македонски винарии. Според најавите можно е Кинезите да го откупат целото вино од Македонија.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.kurir.mk
Датум на објавата: 29.05.2012