Од РКЕ останаа без одговор на обвинувањата упатени од Секретаријатот на енергетската заедница дека има намера лиценцата за управување со системот за пренос на гас да ја додели на новоформираната државна компанија МЕР.
Европската енергетска заедница во писмена реакција упати сериозни критики до Владата поради намерата лиценцата за управување со системот за пренос на гас да и ја одземе на ГАМА и да ја додели на новоформираната државна компанија МЕР. Иако ГАМА го нема прекршено законот и се уште е подготвена да ја извршува работата, сепак, Владата планира управувањето со системот да го даде на новата државна компанија.
Според Европската енергетска заедница, државната компанија МЕР нема ниту човечки ресурси, ниту, пак, мрежа за да може да управува со пренос на гас.
За да се избегне создавања неповолна ситуација, преку издавање лиценца на компанија што не е соодветна да ја исполни задачата на управувач на системот за пренос со гас, што може сериозно да ја влоши состојбата во Македонија, вклучувајќи можни прекини во снабдувањето, Европската енергетска заедница бара итна средба на сите инволвирани страни, пишува во реак-цијата испратена оттаму.
Писмото со острите забелешки, потпи-шано од директорот на Европската енергетска заедница, Славчо Нејков, прво било упатено на адреса на Владата, до кабинетот на вицепремиерот Владимир Пешевски и до претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петеров. Во писмото, поради сериозноста на ситуацијата, со која се прекршуваат многу правила и спогодби, европските енергетски власти бараат средба со македонските власти веќе два месеца, но откако тоа не се случило, сега писмената реакција со забелешките е об-јавена како оглас во македонските печатени медиуми, за јавноста да биде информирана за случувањата во енергетскиот сектор во земјава.
Од Регулаторната комисија за енергети-ка останаа без одговор на обвинувањата упатени од Секретаријатот на енергетската заедница, а не одговорија ниту на праша-њата што им ги постави „Ден”.
Наспроти тврдењата на Европската енергетска заедница, од државната компа-нија Македонски енергетски ресурси (МЕР) велат дека нема никакво прекршување, туку, напротив, се постапувало во согласност со законските процедури.
Не е точно дека немаме вработени, на-против, веќе имаме доволен број неопходен кадар за да аплицираме за лиценцата за управување со системот за пренос на гас-изјави за „Ден” директорот на МЕР, Крсте Миладиновски.
Тој додава дека веднаш штом ќе ја доби-јат лиценцата, дополнително ќе се екипи-раат со неопходниот кадар, во согласност со сите законски процедури. Дополнител-но, оттаму објаснуваат дека тоа што сега се отвора како можен проблем, веќе расправал и Уставниот суд, кој ја отфрлил жалбата поднесени од ГАМА.
Од Енергетската заедница посочуваат дека новата компанија не може да го преземе управувањето со постојната мрежа, туку единствено со нова гасна инфраструктура, што треба да биде изградена во иднина, и дека тие биле убедени во вакво нешто во моментот кога се креирал Законот за енергетика.
Владата и „Макпетрол” поседуваат по 50 проценти од сопственоста на ГАМА и досега заедно учествуваа во бизнисот со гас во земјава.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Ден
Автор: Наташа Стојановска
Датум на објава: 09.05.2012