Никој не сака да работи во текстилната индустрија. Ниските плати и лошите услови за работа ги демотивираат младите да ја одберат оваа професија. Затоа наместо создавање сопствен бренд фабриките шијат само лон производство.
Младите не сакаат да бидат текстилци. Се помалку се одлучуваат да учат за оваа гранка и да креираат мода, се жалат текстилните компани.
Признаваат дека ниските плати од 6 000 денари се клучниот фактор за недостиг на кадар. Но побараа и по соодветно образование, бидејќи дел од секторите кои се учат, воопшо не се применуваат во нашето производство.
80% тоа е како претпоставки од младите луѓе се запишуваат односно ја одбираат економијата, правото, социјалните науки се како професионална определба е еден показател кој што навистина треба да не застраши. Сите ние знаеме дека една држава може да функционира само врз база на производство, истакна Мирјана Перковска, претседател на текстилен кластер.
Наместо да создаваат сопствен бренд, повеќето се одлучуваат за ЛОН производство, кои поради кризата странските компании ја намалија побарувачката. Од почеток на годината нарачките се намалени за дури 30%.
За да можат да обезебедат повисоки плати и да ги стимулираат младите, текстилците сметаат дека се неопходни нови кредитни линии за модернизација на индустрија, да се обезбедат стипендии како и гаранција за вработување на новите кадри.
Превземено: Сител
Датум на објавата: 18.10.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Марина Доковска