ММФ го Пофали Раздолжувањето кон Стопанството

//ММФ го Пофали Раздолжувањето кон Стопанството

ММФ го Пофали Раздолжувањето кон Стопанството

Меѓународниот монетарен фонд ја заврши посетата на Македонија со пофалба за раздолжувањето кон стопанството и економските реформи.

Мисијата на ММФ го поздрави раздолжувањето на државата кон јавниот сектор и стратегијата на властите за понатамошна превенција. Повратените средства ќе го раздвижат стопанството, ќе ја поттикнат нивната ликвидност и ќе ја подобрат платежната способност на претпријатијата, велат од ММФ.

Петдневниот престој на претставниците резултираше со пофалби за задржаната надворешна стабилност на Македонија, директните странски инвестиции, зајакнатата флексибилност на извозот, задржана тековна сметка под три проценти од БДП и резерви кои се на адекватно ниво.

Активностите се намалија во првата половина 2012 но обновената градежна активност придонесе за позитивен тренд во втората половина од годината, при што се очекува растот за целата година да биде нула. Активностите се очекува да се зголемат во 2013 и да се постигне раст од два проценти поттикнат од приливот на странски директни инвестиции и јавни инфраструктурни проекти, се вели во соопштението од ММФ.

Посочуваат дека кризата во еврозоната и понатаму ќе остане главен ризик кој може да влијае на македонската економија, но се задоволни од справувањето на властите и претпазливоста со која се соочуваат со овој  проблем.

Се најавува и процес на проширен мониторинг за Македонија, кој е наменет за сите земји членки кои имаат значителна преостаната финансиска поддршка од ММФ по истекувањето на нивните аранжмани.

Превземено: Сител

Датум на објавата: 18.12.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Ана Петковска

By | 2012-12-19T10:22:18+00:00 19/12/2012|Економија|