Надзорниот одбор на Винер Осигурување му даде безрезервна поддршка на досегашниот Генерален директор на компанијата, Зоран Нарашанов, за нов 4-годишен мандат како претседател на Управниот Одбор.
По тој повод беше истакнато дека резултатите кои компанијата ги постигнала во изминатите 4 години под водство на Зоран Нарашанов се импресивни, а начинот на кој тој ја претвори компанијата во најбрзо растечка осигурителна компанија на македонскиот осигурителен пазар е најдобриот пример на беспрекорна имплементација на строгите деловни принципи, комбинирани со темелно познавање на условите на пазарот и менаџирање на потенцијалите и ресурсите.
Постигнатите резултати за првиот 4-годишен мандат на Зоран Нарашанов на чело на Винер Осигурување покажуваат дека во тој период компанијата го удвоила пазарниот удел, стратешки ја организирала продажната мрежа, ги зголемила и зацврснала човечките и материјалните ресурси, паралелно обезбедувајќи беспрекорна реосигурителната програма. Ориентираноста кон долгорочен стабилен раст и развој, акцентот на супериорна услуга за клиентите, покажаните професионални стандарди и лидерски карактеристики, се главните обележја на Винер Осигурување во изминатиот мандат на г-динот Нарашанов. Во прилог на реизборот на г-дин Нарашанов говори и неговото учество во Програмата за идни лидери на Виена Иншуренс Груп (ВИГ), преку која мал дел од раководителите на 54-те компании под ВИГ се подготвуваат за идни високи раководни функции на ниво на Групацијата.
– Динамичниот развој на позитивните настани околу Винер не ни остава многу време за ретроспектива, но остварените резултати покажуваат дека нашиот компактен тим составен од посветени и лојални професионалци продолжува да ги натфрла поставените цели. Новиот мандат е воедно и мое големо задоволство што и понатаму ќе ги делам работните обрвски со сите тие прекрасни луѓе. Долгорочниот раст и понатаму останува во мојот најтесен фокус, заедно со одржување на праксата профитот да го задржуваме и инвестираме во континуиран стабилен развој, изјави во оваа пригода г-дин Зоран Нарашанов.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.inpress.com.mk
Датум на објавата: 12.03.2012
Автор: Инпрес