По неколкуте безуспешни обиди за продажба на Сведмилк наскоро ќе се објави нов оглас за инвеститор.
Според информации на Алфа сериозен интерес има од турска компанија. Турската компанија Суташ е потенцијален купувач на млекарницата Сведмилк, дознава Алфа.
Претставници на Суташ веќе биле на разговори во Скопје за да преговараат за купување на Сведмилк. Според неофицијалните информации на Алфа, на состанокот Турците дале ветување дека ќе достават понуда на оглас за продажба што наскоро треба да се објави. Освен рестартирањето на пропадната млекарница, Суташ бил заинтересиран да инвестира и во фарма за сточна храна. Фармерите доверители во Сведмилк кои ги контактираше Алфа потврдија дека оствариле средба со Турците, но сепак се резервирани за ишодот од првичната иницијатива.
Најголемиот доверител, Тутунска банка во јуни минатата година се обиде да ја продаде фабриката, земјиштето и дел од опремата за 7,5 милиони евра, но на јавното наддавање немаше заинтересирани купувачи. По првиот неуспех, сега се менува стратегијата за продажба огласот ке се објави откако ќе се најде сериозно заинтересиран купувач на Сведмилк.
httpv://www.youtube.com/watch?v=G4nxZyCLq9A
Превземено: Алфа
Датум на објавата: 08.03.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Тања Попова