И покрај многуте најави никако да стартуваат услугите на Пеј Пал во Македонија. Министерот за информатичко општество Ивановски вели дека министерството сторило се што може за најпопуларниот сервис за онлине шопинг во светот да почне со работа во земјава. Одлуката останува на компанијата и на проценките за исплатливост.
Купувањето преку интернет од странство сеуште недостапно за македонците. И покрај сите напори кои ги прави владата нашата земја да се најде на мапата на Пеј пал нема одговор од нивна страна. Пробиено е првото ветување 24ти семптември 2011та. Според министерот Ивановски се што треба да направат е да го надградат софтверот и да ја стават Македонската валута во нивната листа а тоа ќе се случи кога ќе соогледаат дека ќе им биде исплатливо.
Одлуката што тие треба да ја направата колкава ќе биде инвестицијата, да се воведе и денарската валута во нивниот ситем и само за една спроедба за креирањето на Р.Македонија нивната инвестиција би била слична како кога би ја внеле на пример валутата на Индија. Кога ќе се има во предвид колкав е бројот на корисници не на држави на други корисници и колкав е пазарот се разбира нив повеќе им одговара првин да ги внесат поголемите држави а после помалите, рече Иво Ивановски министер за информатичко општество.
Според одредени истражувања само лани прометот на Британците пред божиќ им паднал за 40 проценти, а голем број од продавниците се затвориле, токму поради купувањето преку интернет. Дали Македонија може да се соочи со ова и затоа не се дозволува влез на Пеј пал Ивановски вели не, ова е пазарна економија и секој може да купува од каде што сака.
Ние ги направивме сите измени во легислативата да може да има конкуренција, доколку на една продавничка во овој период им се намали приходот ќе има некоја друга продавничка на која драстично ќе им се зголеми прходот со користењето на најнови технологии додаде Ивановски.
Пеј пал како најсигурен начин за плаќање или праќање пари го користат 190 земји во светот, а може да се плаќа во 24 валути. Преку него годишно се вртат милијарди евра. Од соседството достапен е во Албанија, Хрватска, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина.
Превземено: Сител
Датум на објавата: 01.10.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Наташа Мерсовска