Нискобуџетна Компанија Ќе Добие Субвенции За Шест Нови Авиолинии

//Нискобуџетна Компанија Ќе Добие Субвенции За Шест Нови Авиолинии

Нискобуџетна Компанија Ќе Добие Субвенции За Шест Нови Авиолинии

Нова нискобуџетна авиокомпанија, која ќе понуди линии до шест нови дестинации ќе биде субвенционирана со 40.000 евра, најави вчера премиерот Никола Груевски. Идната недела ќе се објави меѓународен тендер каде што преку субвенционирање ќе се бара нова нискобуџетна компанија. Авиокомпанијата која ќе го добие тендерот покрај субвенцијата од 40.000 евра, ќе добие и дополнителни 30.000 евра за понуда за дополнителна нова дестинациЈа и плус субвенции за секој превезен патник. „Ако тендерот биде успешен, новите линии ќе се воведат во текот на ноември најдоцна декем-ври оваа година”, информира Груевски и посочи дека овој потег е во насока да се привлечат што повеќе туристи, а на македонските граѓани да им се овозможи да патуваат за поевтини цени до европ-ските метрополи.

[custom_frame_center]UT 12.pdf_1[/custom_frame_center]

Извор: Утрински весник

Датум на објава: 12.05.2012

By | 2012-05-12T15:03:24+00:00 12/05/2012|Eкологија|