Нов Ненаменски Потрошувачки Кредит на УНИ Банка

//Нов Ненаменски Потрошувачки Кредит на УНИ Банка

Нов Ненаменски Потрошувачки Кредит на УНИ Банка

УНИ банка промовираше нов ненаменски потрошувачки денарски кредит.

Износот е до 900.000 денари, со каматна стапка од 7,9 отсто и рок на отплата до 10 години. Наменет е за вработените во јавната администрација и акционерски друштва, за рефинансирање на постојните обврски по кредити и кредитни картички, тековни секојдневни потреби, реновирање или купување автомобил.

Кредитот се одобрува за три работни дена, без дополнителни трошоци за нотар, осигурување и процени. За граѓаните што платата ја земаат преку друга банка каматата е 9,9 отсто, која може да се намалат до 7,9 отсто доколку се префрлат со платата вб УНИ банка, се вели во соопштението до медиумите.

УНИ банка нуди можност и за кредит без жиранти, за износи до 300.000 денари, со рок на отплата до 5 години.

[custom_frame_center]Нов ненаменски потрошувачки кредит на УНИ банка[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 09.03.2012

By | 2012-03-09T08:03:28+00:00 09/03/2012|Банки|