Од 1 Мај Паѓаат Цените на Фиксната Телефонија на Телеком

//Од 1 Мај Паѓаат Цените на Фиксната Телефонија на Телеком

Од 1 Мај Паѓаат Цените на Фиксната Телефонија на Телеком

Од 1 мај паѓаат цените на големопродажните услуги во фиксната телефонија на македонски Телеком. Со одлуката на Агенцијата за електронски комуникации за 37 % намалување на цената на услугите во фиксната мрежа, Македонија станува земја со најниска цена во Европа. Ова намалување индиректно ќе предизвика и пониски малопродажни цени за граѓаните, а ќе овозможи влез на нови оператори кои ќе понудат поквалитетни услуги за пониски и подостапни цени.

За 37 % паѓаат големопродажните цени за пристап во фиксната мрежа. Од 1 мај од досегашните 331 денари се намалува на 210 денари. Агенцијата за електронски комуникации ги намали цените на македонски Телеком за да овозможи влез на нови оператори кои ќе понудат поквалитетни услуги за пониски и подостапни цени. Ова намалување кое индиректно ќе изврши притисок и врз малопродажните цени за граѓаните ја прави Македонија земја со најниска цена во Европа.

„АЕК во согласност со насоките дадени во Стратегијата од 2012 до 2016 година направи значително намалување на цените на големопродажните услуги на македонски Телеком што сметаме дека ќе придонесе за подобри услови за работа на алтернативните оператори и можност за влез на нови оператори на пазарот за електронски комуникации во Македонија. На овој начин очекуваме мрежата на македонски Телеком да биде максимално искористена од алтернативни оператори кои со новите цени ќе имаат сериозен финансов показател да ја користат таа мрежа до крајните корисници. Воедно очекуваме да се развие пазарот на фиксна телефонија во Македонија и максимално да се либерализира“, вели Роберт Ордановски, директор на АЕК.

Намалувањето на големопродажните цени за завршување на повик во фиксната телефонија е за околу 25 отсто, а намалувањето на широкопојасните големопродажни услуги за интернет во просек ќе изнесува 27 отсто.

Стратегијата на АЕК ќе биде објавена деновиве. Ќе им овозможи стабилност на сите оператори во креирање на сопствениот развој во следните 5 години, вели Ордановски. Најави дека ќе има и нови цени за терминација во мобилната телефонија.

[custom_frame_center]Од 1 Мај Паѓаат Цените на Фиксната Телефонија на Телеком[/custom_frame_center]

Превземено: www.kanal5.com.mk

Датум на објавата: 10.04.2012

Автор: Маја Дамјановска

By | 2012-04-11T01:13:51+00:00 11/04/2012|Телекомуникации|