Одгледувањето Ориентален Тутун Под Прашалник

//Одгледувањето Ориентален Тутун Под Прашалник

Одгледувањето Ориентален Тутун Под Прашалник

Препораките за одгледување тутун, кои произлегуваат од Рамковната конвенција за контрола на тутунот, се контрадикторни и се сериозна закана за тутунопроизводителите, предупредија од Здружението на производители на тутун и на производи од тутун при Стопанската комора на Македонија.

Претседателот на здружението Кирил Филиповски оцени дека усвојувањето на препораките, со кои, меѓу другото, се препорачува постепено залирање на одгледувањето тутун, ќе биде штетно за македонското тутунопроизводство, со што ќе се доведе во прашање егзистенцијата на над 30.000 семејства.

Македонија е земја со голем број производители на ориентален тутун. Нашите климатски услови се најидеални за одгледување ваков вид тутун и не може да се изврши замена со некоја друга култура која ќе даде финансиски ефекти како што дава тутунот. Со секоја друга култура производителот ќе биде во загуба. Производството на тутун не е штетно за биосферата  вели Филиповски.

Здружението смета дека препораките се контрадикторни затоа што, од една страна, се препорачува намалување на производството на тутун и укинување на поддршката од владите за одгледувачите на тутун, а од друга, спогодбата ја нагласува важноста од помагање на одгледувачите на тутун кои би биле засегнати од намалувањето на побарувачката на тутун.

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција за контрола на тутунот на 30 јуни 2006 година и со тоа е обврзана да ги применува сите одлуки од неа. Досега 176 држави ја имаат потпишано оваа конвенција.

Во земјава се одгледува ориентален тутун на површина од 19.000 хектари. Тутунопроизводството е една од најисплатливите гранки со која се занимаваат околу 36.000 семејства и околу 3.000 редовно и 2.000 сезонско вработени лица во производството на цигари. Извозот  на тутун и неговите преработки учествуваат од 22 до 29 проценти во вкупниот извоз од земјоделско-прехранбениот сектор.

[custom_frame_center]Одгледувањето Ориентален Тутун Под Прашалник[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 11.09.2012

Автор: В.А.

By | 2012-09-11T02:52:42+00:00 11/09/2012|Тутунска Индустрија|