Собранието на акционери на Охридска банка ги потврди резултатите за работењето на банката за минатата година, која оствари нетодобивка од 35,1 милиони денари, што е пораст за 29,8 отсто во однос на 2010 година. Билансот на успех на крајот на 2011 бележи пораст од 26,5 отсто. Со ова, според менаџментот, Охридска банка ја зајакнува четвртата позиција на голема банка во Македонија.
Пантучкова вчера објасни дека минатата година била особено тешка, но Охридска банка остварила задоволителни резултати. Таа потенцира дека вкупното кредитно портфолио на банката е зголемено за 27,3 отсто, при што кредитите на населението се зголемени за 25,6 проценти, а на претпријатијата за 28,1 отсто. Депозитната база на банката е зголемена за 32 отсто. „Успехот на Охридска банка се темели на цврстите релации изградени со нашите клиенти, како и на посветениот менапмент и вработените насочени кон растот на банката”, рече Пантучкова.
Банката е подготвена да ги поддржи претпријатијата кои инвестираат во својата иднина, а кредитната активност продолжува со несмален интензитет. Од почетокот на годинава, како што посочи Пантучкова, кредитирањето било намалено, но во март и април се забележува раздвижување, а исплатени се девет милиони евра средства на претпријатијата за нови проекти. „Ниту една криза нема да не спречи да ги помогнеме нашите клиенти”, потенцира Пантучкова.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Утрински Весник
Датум на објавата: 20.04.2012