Во првите девет месеци од оваа година, групацијата Телеком Словенија генерира 596 милиони евра во оперативни приходи, што е за 25,5 милиони евра помалку споредено со истиот период минатата година. Пад има и кај заработката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) која е пониска од ланската за овој ист период и изнесува 198,4 милиони евра, но во истиот период 2011 година таа достигна 210,2 милиони евра.
Компаниите на Телеком Словенија во Македонија ОNЕ и Дигиплус мултимедиа (Вооm ТV) за деветте месеци од годинава направиле оперативни приходи од околу 54,14 милиони евра што е за 2,22 милиони евра помалку во однос на истиот период лани. Но, затоа пак, има речиси трикратен раст на заработката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) која на 30 септември 2012 година изнесувала 7,053 милиони евра и е повеќе за 4,5 милиони евра од истиот период лани. Компаниите во Македонија го намалиле нето оперативниот профит кој лани изнесуваше негативни 25,4 милиони евра, а годинава е само минус 5,3 милиони евра.
ОNЕ заклучно со третиот квартал од годинава имал 490.144 претплатници на мобилна телефонија, што покрај силната конкуренција што ја има на мобилниот пазар во земјава е пораст од 33.064 нови корисници во однос на истиот период лани. Пораст од речиси 1.000 нови приклучоци има и кај широкопојасниот интернет кој сега брои 37.756 конекции. Намалување има на бројот на вработени во компаниите кои сега бројат 447 лица.
Коментирајќи ги резултатите, од Телеком Словенија наведуваат дека клучните ризици на македонскиот пазар се:
Ризикот на миграцијата на корисници на други оператори поради агресивниот пристап на пазарот на конкуренцијата, особено на мобилниот оператор Вип.
Ризикот од пониски приходи се должи на општата економска криза и влошената домашна економска ситуација: опаѓање на купувачката моќ, континуираниот пад на цените на телекомуникациските пазари и лошата продажба на услуги.
Ризиците поврзани со дигиталната телевизија првенствено се однесуваат на појавата на нова конкуренција во областа на пренос на дигитален сигнал, усвојувањето на Законот за дигитализација и потребата да се надополнат постоечките сеттоп боксови.
Ризикот од застарена мрежа, која може да резултира со влошување на квалитетот на услугите и ограничени можности во однос на бројот на нови услуги, како и на резултатите во високите трошоци за одржување.
Ризик од неуспех од страна на претплатници да ги исполнат обврските преку подобрената наплата, за што клучните менаџери се исто така одговорни.
Ризик од неефикасни системи и процеси.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Вечер
Датум на објавата: 30.11.2012
Автор: С.Бл.