ОНЕ: Мобилен Интернет без Ограничувања!

//ОНЕ: Мобилен Интернет без Ограничувања!

ОНЕ: Мобилен Интернет без Ограничувања!

Многу повеќе музички и видео содржини, апликации, мејлови и се останато, ќе добијат корисниците на телекомуникацискиот оператор ОНЕ со нивната најнова, промотивна понуда на пазарот, а тоа е мобилен интернет по неверојатно атрактивни цени.

За 149 денари месечна претплата, корисниците на “Mobile Net XS“ месечниот пакет ќе добијат 2ГБ вклучен бесплатен интернет, наспроти досегашниот од 200 МБ.

“Со 80 отсто покриеност на популација со наша 3G мрежа и неверојатна брзина на 3G мобилен интернет за корисниците на ОНЕ не постојат ограничувања во користењето интернет. Во прилог на тоа оди и денешната промоција која нуди и многу повеќе сообраќај“, изјави генералниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.

Многу повеќе бесплатен интернет сообраќај добиваат и корисниците на останатите “Mobile Net“ месечни пакети.

“Понудата на ОНЕ е најконкурентна на пазарот. На сите корисници на мобилната телефонија, ОНЕ им доделува многу повеќе вклучен бесплатен мобилен интернет. Корисниците ќе можат подолго и повеќе да сурфаат во движење од својот мобилен телефон или лаптоп, да симнуваат многу повеќе музички и видео содржини и да користат мобилни апликации, да проверуваат и испраќаат мејлови, а притоа вистински да ги почувствуваат перформансите на своите смартфони“, вели Тадеј Ленарчиќ, оперативен директор на ОНЕ.

[custom_frame_center]ОНЕ: Мобилен Интернет без Ограничувања![/custom_frame_center]

Превземено: www.tocka.com.mk

Датум на објавата: 22.03.2012

Автор:  Нетпрес

By | 2012-03-23T04:20:27+00:00 23/03/2012|Телекомуникации|