ОНЕ: Тројно Повеќе Разговори, СМС, ММС и Интернет Цели 24 Месеци во Пост-Пејд

//ОНЕ: Тројно Повеќе Разговори, СМС, ММС и Интернет Цели 24 Месеци во Пост-Пејд

ОНЕ: Тројно Повеќе Разговори, СМС, ММС и Интернет Цели 24 Месеци во Пост-Пејд

ОНЕ воведува нова, атрактивна промоција во пост-пејд мобилната телефонија која обезбедува опуштена комуникација за сите кои сакаат долги разговори, СМС И ММС комуникација и мобилен интернет кој овозможува сурфање со неверојатна брзина и до 14.4 Mbs.

Имено, од 11-ти април, новите пост-пејд корисници на мобилната телефонија на ОНЕ, но и оние кои ќе направат обнова на договор добиваат три пати повеќе бесплатни разговори, СМС, ММС и интернет сообраќај цели 24 месеци.

Промоцијата се однесува на корисниците на ТОТАЛ тарифните модели во резидентниот и бизнис сегмент на мобилната телефонија на ОНЕ кои, секој месец, цели 24 месеци ќе добиваат тројно повеќе бесплатни минути за разговори кон ОНЕ мобилна и фиксна мрежа, бесплатни СМС пораки кон сите национални мрежи, бесплатни ММС пораки кон сите национални мрежи и бесплатен интернет сообраќај.

Корисниците кои ќе ја искористат новата промоција, во зависност од тарифниот модел, ќе добијат и до 4.500 бесплатни минути во мрежата на ОНЕ, до 3.000 СМС, до 3.000 ММС пораки и 3GB вклучен интернет сообраќај, секој месец, цели 24 месеци.

[custom_frame_center]ОНЕ: Тројно Повеќе Разговори, СМС, ММС и Интернет Цели 24 Месеци во Пост-Пејд [/custom_frame_center]

Превземено: www.tocka.com.mk

Датум на објавата: 11.04.2012

By | 2012-04-12T06:11:58+00:00 12/04/2012|Телекомуникации|