Удрени темелите на облакодерите и трговскиот центар во О.Аеродром кои ги гради турскиот холдинг Џеваир. Инвестицијата вреди 300 милиони евра, а во четирите згради високи по 42 ката ќе живеат 5000 луѓе.
Се удрија темелите на облакодерите во населба Аеродром. На празната парцела од 33 илјади метри квадратни, ќе никнат 4 згради со по 42 ката, високи над 130 метри.
Инвестицијата ќе чини 300 милиони евра а ќе биде завршена за најдоцна три години.
Новите згради ќе имаат околу 1300 станви а целиот комплекс станови за домување предвидува и повеќе комерцијални и деловни простории, базени, фитнес и спа центри, големи трговски единици, турска бања, тениско игралиште, специјални простории за пречек на гостите на станарите и многу други содржини. Во него ќе живеат околу 5000 луѓе а ќе има фрекфенција најверојатно на уште дополнителни две до три илјади дневно, што значи ќе има од прилика големина колку една од нашите помали општини во Р.Македонија, рече премиерот на Р.Македонија, Никола Груевски.
Од менаџментот задоволни од условите кои ги нути македонија за реализација на мега проекти. Ја поздравија и поддршката која ја имаат од сите надлежни институции. Велат дека токму тоа влијаело да донесат одлука да градат во Аеродром.
Проектот Џеваир холдинг во Македонија во градот Скопје има градежна површина од 280 илјади метри квадратни. Секоја од кулите ќе биде од 42 спрата, и ќе бидат со висина од 130 метри вака ќе бидат четири блока. Исто така ќе има и 24 илјади метри квадратни трговски центар. 300 милиони евра од прилика ќе биде оваа инвестиција рече Ибрахим Џеваир од Џеваир холдинг.
httpv://www.youtube.com/watch?v=axTuJqMtfi4
Превземено: Сител
Датум на објавата: 16.07.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Борче Пауновски