Медиумска интеграција на Балканот “Почна со работа Порталот Бизнис Плус”

//Медиумска интеграција на Балканот “Почна со работа Порталот Бизнис Плус”

Медиумска интеграција на Балканот “Почна со работа Порталот Бизнис Плус”

Интернет-порталот Бизнис плус е заеднички проект на шест балкански медиуми, кој на читателите на едно место ќе им ги понуди сите информации потребни за животот и за бизнисот во регионот. Капитал Медиа Гроуп заедно со редакциите на Business.hr – Хрватска, Finance – Словенија, Novi magazin – Србија, Oslobodjenje –Босна и Херцеговина и Vijesti – Црна Гора стои зад овој портал.

Првиот ден од Викенд медиа фестивалот во Ровињ беше промовиран порталот Бизнис плус, нов информативен сервис, без кој, како што велат креаторите, нема да можете да си го замислите утрото. На читателите на едно место ќе им ги понуди сите информации кои се потребни за животот и за бизнисот во регионот.

Секој работен ден наутро, претплатниците на Бизнис плус – сопственици на компании, нивните топ и средни менаџери и други заинтересирани во своето електронско сандаче ќе добијат свежи вести од регионот на Југоисточна Европа. Бизнис плус очекува во регионот да има повеќе илјади претплатници.

„Утврдивме дека постои голема потреба кај сите бизнисмени во Југоисточна Европа да имаат интегрирани информации, статистички податоци и анализи за економските движења на Балканот. Оваа идеја ја разработувавме три години, за на крај да дојдеме до овој ден кога потпишавме договор меѓу шест медиуми на Балканот, кои ќе ги интегрираат сите бизнис-информации во една платформа во текот на денот, кои се произведуваат во медиумите на овие простори. Сметаме дека ќе и помогнеме на бизнис-јавноста од сите земји од кои доаѓаат нашите партнери и дека преку овие информации ќе помогнеме и за подобрување на економските текови и новите бизнис-моменти во овој дел од Европа“, изјави Љупчо Зиков, главен и одговорен уредник во Капитал Медиа Гроуп, еден од идејните креатори на Бизнис плус.

За претплатниците ќе се собираат информации од шест држави. Медиумот кој има во една држава значајна и веродостојна улога ќе бара информации кои ќе бидат интересни за читателите во регионот и ќе ги запишува нив во облик на вести. Друг медиум кој учествува во овој проект тие вести ги прилагодува по мерка на своите читатели и во согласност со тоа ги сместува во случувањата во својата држава.

Меѓутоа, читателите нема да добиваат само свежи вести, туку ќе имаат и пристап до последните статистички податоци и прогнози од државите во регионот, а со тек на време Бизнис плус ќе додаде и регионални анализи, коментари на експерти од различни подрачја, најави за важни случувања…

[custom_frame_center]Медиумска интеграција на Балканот "Почна со работа Порталот Бизнис Плус" [/custom_frame_center]

Извор: www.kapital.com.mk

Датум на објава: 26.09.2012

By | 2012-09-26T13:33:34+00:00 26/09/2012|Економија|