Телекомуникацискиот оператор Оне ги подобри постоечките Care тарифни модели во фиксна и мобилна телефонија и креираше исклучително поволен Care тарифен модел за користење мобилен интернет наменет за лицата со посебни потреби во земјава. Care тарифните модели можат да ги користат сите членови на Сојузот на телесно-инвалидизирани лица, Сојузот на слепи лица, Сојузот на глуви и наглуви лица, Сојузот на трудови и Сојузот на воени инвалиди на Македонија.
Од 15 ноември, тарифниот модел во фиксната телефонија Fix Care total ќе изнесува само 199 денари месечно за што корисниците ќе добијат 400 бесплатни минути за разговори кон фиксната и мобилната мрежа на Оне, цена од 1 денар кон сите фиксни национални мрежи и цена од 6,8 денари кон сите мобилни национални мрежи.
Во пакетот за мобилната телефонија, Mobile Care total за месечна претплата од само 199 денари се нудат 1.000 бесплатни минути за разговори и видео повици во мрежата на Оне, 40 бесплатни минути за национални разговори, по 300 бесплатни SMS и MMS пораки кон сите национални мрежи, 300 MB бесплатен мобилен интернет, единствена тарифа за разговори кон сите мрежи и 2. 000 денари по линија како субвенција за набавка на телекомуникациски уред.
Коце Димов, претставник на Сојузот на слепи, истакна дека овие пакети ќе им го олеснат секојдневието, а особено можноста GPS со која слепите лица полесно се ориентираат низ градот и ги наоѓаат автобуските станици.
Најновиот пакет Mobile net total care на лицата со посебни потреби им овозможува користење мобилен интернет за месечна претплата од само 299 денари, 4 GB интернет сообраќај вклучен во месечната претплата, бесплатен 3G стик за мобилен интернет.
Васко Марков, претседател на Здружението на глуви и наглуви истакна дека со помош на можностите за видео комуникација им се олеснува комуникацијата на немите лица.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.plusinfo.mk
Датум на објава: 15.11.2012