Полска Компанија го Купува Триглав Осигурување?

//Полска Компанија го Купува Триглав Осигурување?

Полска Компанија го Купува Триглав Осигурување?

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Полска компанија е заинтересирана да го купи Триглав осигурување, најголемата осигурителна компанија во Словенија, присутна и на македонскиот пазар.

Според пишувањето на венискот Фајнанс, Владата во Љубљана сака да се ослободи од трите главни државни комапнии, осигуртелната комапнија, Телекомот и нафтената компанија Пертол. Неофицијално за 62,5% од акциите на Триглав заинтерсирана е најголемата полска осигурителна компанија ПЗУ.

Покрај Триглав, полјаците би ја купиле и помалата компанија Марибор осигурување, велат инеименувани извори за весникот. Во последните неколки месеи за Триглав интерес покажаа и германската Ерго, Алијанс и австриската Уника.

Од друга страна, истите извори велат дека меѓу коалиционите партнери во Владата нема соглансост околу продажбата на најпрофитабилните словенечки компании.

Покрај за осигурителниот бизнис, полјаците се заинтересирани и за железницата во Словенија. Тие се во потрага по начин кој нивната земја ќе ја спои со Јадранот заради тоа размислуваат и за инветсиции во словенечките железници преку кои би се поврзале со пристаништето Копар, во игра се и хравтските железници и пристаништето во Риека.

Полската компанија ПКП интернационал минатиот месец почнала да ја разгледува можснота за соработка во товарниот сообраќај. Од комапнијата велат дека не се заинтересирани за купување на словенечката железница која во првата пловина од годината има загуба од 4,8 милиони евра.

„Немаме ни пари, ни планови да преземаме компании надвор од Полска, но затоа не интересира соработката со Словенија“, вели претседателот на управата на ПКП, Јакуб Карновски.

[custom_frame_center]Полска Комапнија го Купува Триглав Осигурување?[/custom_frame_center]

Превземено: www.ekonomski.mk

Датум на објавата: 05.09.2012

By | 2012-09-06T07:15:15+00:00 06/09/2012|Осигурување|